Така ми беше со првото тешко и мачно едвај чекав да се породам. На пораѓај глас не пуштив, лесно пројдов...да вреди секако, ама 5год поминаа од тогаш затоа што јас од пораѓајот и бременоста не сакав второ. Едвај се одлучив... дај ми 5 деца ќе ги чувам само да не ги раѓам и дојам се надевам после пораѓај ќе пишам овде дека џабе сум се секирала 9месеци Уствари мене ми одговара да сум таткото
јас се лутам дека таткото ништо не прави со неговото тело за да стане родител и кога ќе ме прашаат како сакаш да се породиш, викам па ако може хх да го роди во Ремедика може да си ги земам алиштата за излегување од болница со мене ? Или мора сопругот да ги донесе @Milkiway
Јас имам 2 царски сега сум за трето Царскиот не од што сакав ама заради висок крвен притисок за првото.Многу тешко се оправив ете на приватно бев Плоднос.За второто ми пукна водењакот и после 7 сати пак царски не можело оти првто е царски 2 год.се разлика .На државна одма станав.Ако не мора царски најубаво е природно.
Сега за третото прашувам дали можи природно после 5 год. е не никако оти сум била царски 2.Не било безбедно за мене.Тоа е мора да прифатам зашто немам избор.Пак царски не се плашам се да е во ред само.Уште е рано вгодина Јуни
Ми донесоа се после така ми кажаа. Можеш да имаш со тебе нешто ташна ама во предродилната ништо не ти треба. После кога ќе си во соба ќе ти качат се за излез. Бар така беше пред 5г
Треба да воведат закон строго и мажот на пораѓај да присуствува дали сакал или неќел. Да видат како е да се роди дете! Оти има мажи не признаваат се инатат мислат е лесно! Можеби повеќе ќе ги ценат жените! Значи има исклучоци секоја им чест на таквите мажи! Мажот ми вика нема шанси пари да мк дадат на пораѓај нема да присуствувам ќе се инесвестам таму
Дали е нормално да се има мускулни болки во 9ти месец, низ цел стомак и грб? Значи не се како менструални, толку како мускулни. Особено при лежење во иста позиција, значи не можам да спијам веќе. Како укочена, болки во грб, стомак и грчеви на нозете.
И мојот така вика.За првиот пораѓај не ни можеше да влезе никаде, корона време беше. Со мене беше во соба на абортусот сега во 18 недела кој беше како класичен пораѓај, со породилни болки и се тоа, ама не го пуштија во сала нормално во таа ситуација. Блед беше ко крпа. Вика царскиот царска работа, влегуваш во сала демек и за 15 мин имаш бебе хахах. Не може да му се објасни дека и царски не е лесно и дека нема easy way out, тоа е тоа. Здравје Боже да ми даде уште едно дете има и он да раѓа со мене па ако сака и нека припаѓа таму И после кога некој ќе рече “понежниот пол” за жените ми се повраќа
Девојки денес бев на контрола, 37+2 сум, ЦТГ мирно. Но прв пат ми се појавија лакуни на постелката. До сега матичниот ми нема испитано Д-димери, ми рече утре да испитам. Мене сега ме фати страв, дали е опасно да се покачени Д-димерите овој период а да не сум покриена со терапија?
Ја сум со лакуни 27 недела редовно испитувам ддимери се си е ок. Не знам 37нед+2 па ти ќе с3 породиш кај и да е. Ако не напредувало бебето до сега ќе видиле. Кај мене напредува се е ок само ете има лакуни
Огромни мускулни болки во стомакот, особено странично и околу пупакот, боли при лежење, при движење хаос а тек сум 29та недела Дали има некој искуство со појас за трудници?