Се вратив на темава надевајќи се дека на некоја идна мајка ќе и помогне ова, јас изгледа имав ептен изумено со првото па сакам да знаете што ве чека постпородилно за да не паничите и да бидете спремни, особено ако имате епизотомии после природен пораѓај. Ден 1 после пораѓај - Кичмата ве боли, матката ја чуствувате подувано и нелагодно, боли раната и тешко се седнува, имате чести вртоглавици и не е паметно сами да станувате. Страв ви е да кивнете, мокрите, одите по голема нужда. Совет - мокрете под туш и мијте ја раната со поладна вода ако можете - не ставајте мрежасти гаќи ако сте шиени, држете нозе раширено и гледајте да не ја лепите влошката меѓунозе. Ден 2 - немате толку вртоглавици, боли рана, боли кичма, матката почнува да боли повеќе поради контрахирање дека доаѓа млеко. Во оваа фаза важно е бебето да е на града почесто иако нема млеко и да ги масирате градите за да не дозволите да се направат грутки кои потоа стануваат болни. Крварењето се намалува. Ден 3 - гради почнуваат да болат, надоаѓа млеко, користете пумпа и под топол туш масажа на гради - не е рано не се лажете, нагло надоаѓа млеко и ако не почнете на време ќе имате лошо искуство. Како почнува бебето да цица ваше млеко матката боли ненормално многу, кичмата боли исто - сега е важно да се движите колку можете исправено за да јакне мускулатура да можете полесно да се вратите во нормала. Можете да одите по голема нужда не е толку болно, матката како се контрахира тече и нешто како лимфа нз - нормално е. После 3 ти ден се е малце поолеснето и не толку болно, практикувајте анелгетици за да си олесните првите денови (парацетамол особено со градите делот и аналгин први два дена) Не се откажувајте од доењето - обавезно масажи на гради и пумпа во болница. Не се фокусирајте да ви се враќа телото и да бидете згодни, хранете се балансирано и во болница - мандарини, јаболко, гранола барчиња, овошни јогурти, грчки јогурт, супи, крекери, сокови цедени итн. Почести топли тушеви и убава положба со перница за одмор. Се надевам ќе имате сите лесен постпартум период - болно е ама поминува. Јас сум една недела пост партум и е многу полесно веќе. Ве гушкам
После кога стегаат конците, кога суши раната мене околу 7-10 ден ме болеше повеќе раната отколку првите денови не можев да седам ни да стојам ни да лежам (ама и повеќе бев сечена, како што се гледам и лошо сошиена) ама со спрејот тогаш почнав да го прскам и што сменив улошки (слеепи памучни) мислам дека се препородив, до тогаш користев бони и ми се лепеше на раната и смрт ми беше у вц кога идев ми беше залепена улошката доле на раната зошто не крварев многу. На секое идење во вц да се одмивате со млака вода побргу поминува раната. Еве веќе не ни ја осеќам исто ко ништо да немам доле сеа и последните конци веќе паѓаат. После 20ти ден е веќе полесно, еве веќе можам и да се движам јас ептен бев пропадната ама тоа зависи до човекот секој е различен јас ептен сум слаба (немав енергија, ми беше тешко многу, вртоглавици, матно гледав).. Лежев до вчера што се вика поголемиот дел од времето и ако станам до вц само и за вода. Како идат деновите поарно е ама иде неспиењето Не спие ич малово Со првото ваков проблем немав тој на 2 недели дури и почна по 5 саати сон да склопува навечер Ова малово ни 1 саат не склопува ноќе, станува во 3 ноќе до 7 не заспива