35-та недела сум. И мене не ми помагаат веќе Гастрогард, ни Waya, особено не навечер кога ќе си легнам, а и јас пијам секој ден, некогаш и по 2-3 дневно. Затоа побарав замена да ми дадат. Рече дека е безбедно во 9ти ама да не претерувам ни со Фамосан, ептен кога се најјаки и неиздржливи киселините да земам.
@poker_face Не значи дека сигурно ќе распукаш многу или ќе те сечат, ете и мене ми беше прво па пукнав колку за 2 кончиња.
Види, во медицината ништо не е загарантирано и апсолутно, тоа важи и за пораѓајот. Се се случува секаде. Да не мрачам во темава, ама тоа бебето од ГАК за кое кружеа вести последната недела е на ист ден со син ми родено на гак. Малце ми е језива помислата на се тоа ете сега. Само нема негативна мисла, ќе биде се како што треба да биде
Јас се решив во Систина. Искрено ќе се мислев каде да одам да немам приватно здравствено што ќе ми ги покрие дел од трошоците за пораѓајот, ама пак мислам дека ќе одвоев од други работи и луксузи за да појдам на приватно, само од пусти страв. Пак ќе кажам, се е можно се прават пропусти и на приватно, ама некако веројатноста за трауми ми е помала. Инаку те читав низ форумов кога се пораѓаше и после тоа дека ти беше доста трауматично искуство и траеше со денови ако добро памтам. Ама како што велиш, откако ќе го поминеш се заборава после некое време, и баш ми е мило што после сето тоа се се средило како што треба.
Ај малце да ви свртам внимание од шиењата , Во која недела прв пат ви спомнаа дека бебето е свртено надоле. Во 27ма ми искоментираа не е свртено...не сфатив треба баш тогаш, не треба, рано е касно е. Прашав ама не добив некој конкретен одговор. Како е кај вас?
Јас сум 31+5 карлично си е уште ми рекоа дека овој период од 29та некои почнувале да се вртат ама не е правило, може и до крај да си остане вака ))
Како е тоа карлично, каква е положбата? Кај мене е нозете доле ме мава ниско ептен ме боли мислам ќе ми излезе главата горе притиска едвај дишам од киселини
мене 29та ми кажаа дека е главично (наместено со глава надолу како за породување), ако е карлично значи не е наместено како што треба за породување ама рано е
Мене сега на последниот преглед ми рече матичната дека е главично, 31ва недела бев тогаш, ама исто рече рано е, можело да се сврти и до 36та.
Да ви се придружам со киселините, по цел ден ми гори во грло среќа сеуште ми помагаат гастрогард Да прашам и за друго, бебче вчера беше цел ден активно, денес го осетив 2 3 пати и толку инаку 24 недела сум, вака ли е кај другите
Јас да ви споделам нешто, веќе сум 4ри прста отворена, контракции немам, чепот не ми падна сеуште…но бебе ниско, јас до таму стигната. Ми рече да идам дома и во било кое време да очекувам дека може да се вратам па и за некој саат
Карлично е со газето доле. Првата бременост ми беше како што опишуваш ти, скроз исправено бебе, глава горе, доле пред отвор ноџиња. Цело време ми викаа има време ќе се сврти, но кај мене никогаш не ја смени положбата и мораше царски на крај. Докторот ми викаше да беше карлично ќе те пораѓав природно, ама со оваа положба нема шанси за природно. Имаш време, може да се сврти и до сам крај некогаш не се знае.
фалаа многу ама веќе тешко смирено, после прегледот што ми го направи мн болки осеќам. Нормално ли е некој да сподели? Сега ми е на мисла дали и ваквиве менструални болки се причина да им се вратам ама ми нагласи пукнат водењак, крварење или контракции во ритам Оффф паника левел 100. Сама башка се возев по гужвине, мм денес ко за беља на работа го задржаа.
мене мислам 30та негде ми се намести со глава доле… ама до сам крај може на братучетка ми пак и беше со глава доле и ден пред пораѓај и се сврте карлично и се породи царски. Нема правило
Здраво би сакала да ве прашам бев на преглед кај докторката што ке ме пораѓа и ме прегледуваше со прсти да види колку сум отворена. По прегледот немав никакви болки сега после неколку часа половината и некои менструални болки осеќам и имав кафеава крв во вц ? Некоја со вакво искуство
мене денес ме прегледа така и ми кажа да не се секирам дека можно е да има крв од прегледот нормално е. А исто болките после прегледот ми се зголемиа, баш менструални