Менструалните болки ги имав цел ден после последниот преглед со рака,како тапа болка, имав и сукрвица, а утредента веќе добив и болки, прв знак ми беше дијареа и после тоа почнаа на интервали. И баш читав и дека дијарејата може да е еден од првите знаци дека се ближи пораѓај. Може да имаш болки во половина, стврднувања на стомак проследено со менструална болка, тогаш се веќе вистински контракции. Со лесно
Даа и ќе препознаеш ако добиеш болки, и да не се на редовни интервали (кај мене не беа) ама ако е само постојана тапа болка долу уште е рано за во болница
Знае некоја да ми каже каде во Прилеп работи Др. Драшко од Систина, за ехокардиографија? Не можам да најдам инфо
Ве молам мислење за прв скрининг од кој доктор сте задоволни, освен Димчев во Систина? И како се со цени?
Прв скрининг правев во Плодност кај др Ана Вангелов преубаво поминав, цена за скрининг 6500 плус prisca тест 4500
Има време да се сврти. Мене ми беше со газето доле т.е карлично свртен се до 36та недела. Измеѓу 36та и 37 се сврте со главата доле.
Водењакот може и да не ти пукне. Прати контракциите ако се на интервали. Мене знак ми беше дијареа и почнаа болките. Во болница стигнав со 4 прста отворена, без пукнат водењак и за 4 ри саати бев породена. Со леснооо
Можно е од прегледот, ама можно е и породилни да се, прати на колкави интевали се, дали те заболува и кичма, дали стануваат почести, итн. Може да не пукне водењак, а да си отворена и да имаш болки за раѓање.
Исто. Во 13h стигнав во болница со 4 прата отворена во 17:30 веќе бев породена. Водењакот на бокс ми го пикнаа.
Мене ми истекол ненам каде. На бокс не ми го пукнаа сигурно. Само што се качив на бокс, одма имав јак напон и искочи главата. Арно стоечки што не ја родив.
Ја не осетив дека ми го пукнаа, они ми кажаа. Ама затоа кога почнаа напони, кога почна да искача бебе за малку бабицата да го испушти бебето т.е да не го фати.
Мене во првата бременост ми беше ептен убаво наместено бебо за искачање ама јас пустата нрнможев да се отворам и по 13ч пукнат водењак, крварење, контракции каде ни воздух неможеш да земеш. Се чудеа сите како имам такви контракции а не се отварам. И после 13ч агонија мораше царски зошто животите на двајцата висеа на конец (поточно мојот, бидејќи на бебо веќе му се намалуваше срцевата акција драстично опаѓаше.) Среќа на крај и двајцата успеаја да не спасат. Господ е голем. За шиењето од царски нема ни да коментирам, бидејќи кој и да мр видел после тоа се чудел и е во шок за како сум исечена. Трауми за цел живот, викаат се заборава богами ја неможам. Пак сум фала му на бога трудна и како поминува време толку многу се плашам од пораѓајот. Ама се надевам овој пат нема да имам ваква траума.