Браво мама! Да сте здрави и живи. Гледаш колку брзо бидна се. Сега ќе се наспиеш ( ха ха, како мене вака може во 5 )
Честитки, нека е живо и здраво Моето сеуште абер нема, а кога ќе ми текне со скратен цервикс сум од 20та недела
Јас за скрининг бев кај Д-р Петровска, детална и темелна, и многу добар дијагностичар, а блиска моја беше кај д-р Трајкова Корнелија исто така многу стручна и со многу добар пристап кон пациентите.
Вака јас во Систина имам правено кај др Панчевски, и прездаоволна сум, топла препорака. Но, за други доктори од Систина кои се задололни мои блиски позитивни искуства има и за др Дракулевски и секако Димчев.
@Anie93 не ни стигнав да ти пишам абе ти ќе плукнеш дете топ ќе поминеш, ти си се породилаа Уживај сега во најубавата улога на светот и пиши ни како си
До пред некој ден мрдањето на бебето го осеќав доста високо, до ребрата да не речам и од што ме клоцаше таму имав страшна болка. Но од вчера наваму болката ми е олабавена таму и осеќам дека истите движења ги прави ама малку подолу. Исто осеќам и повеќе притисок на бешиката од порано, особено кога сум во движење. Дали значи дека се има спуштено и што да очекувам? Инаку влегувам во 36та недела.
Девојки фала ви на сите! Фала што месециве ми ги одговаравте досадните прашања инпроблеми по 100пати јас како што пишав тука ми измериа 4прста и си отидов дома ама знаеле дека ќе се вратам за брзо ама пошо јас им реков сакам уште малце психички да одморам ми дозволиле. Инаку, 4 саати имав константни болки без прекин(не беа на интервали) бар јас колку што осеќав. И се вратив накај 9инешто, мери докторката 7. И сите беа као аха знаевме дека ќе се вратиш, дури уште беше истатаа смена ми го пукна водењакот таму, јас се отварав брзо (релативно) ама не омекнуваше грлото. Саат ипол со пречести и прејако контракции, ми стави и за провокација ама грлото не омекнуваше, и тука веќе не глумев јунак туку се согласив на епидурал. Ми го дадоа на 7цм (читав дека порано само е дозволено) но валјда ако имаш причина даваат. Потоа, само еден дел осеќав болки ама неспоредливо мали. Почна да се доотвара, грло да омекнува, со епидуралот буквално де преродив тој пола саат, се одморив. Во сала на бокс не знам колку време бевме ама со 3/4напони мислам се роди. И ги осеќав напоните(читав тука епидуралот ќе ги одложи нема да имаш сила ама ете валјда е кај секој различно. И така вкупно 3ч ме фати од влез до раѓање на бебче. Дај Боже сите да имате ваков или уштееее полесен пораѓај! Докторката рече ова било брзо, прилично лесно и така нашето бебе не изненади, имаше термин за православен Божиќ, се роди на католички 37+5 . Само да сме живи и здрави
Епидуралот може да го оддложи отварањето. Во ремедика на 4ри прста нејќеа да ми го стават ама инсистирав под итно иначе ќе си отидев Тоа ми кажаа девојче на царски ќе завршиш ако ти стајме сега на 4ри прста-не завршив на царски. Се породив природно лесно дп 3 напони. На бокс го гасат и напоните си се осеќаат нормално. Чисто да дополнам.. Да сте живи и здрави и честитки!!! Супер си поминала како за прво