Здраво девојки, и јас вчера се породив конечно, се беше ок фала му на господ. само што раната денес многу ме боли, мислам дека на две места сум сецната пошто не можеше да излезе на крајот. што ставате на раната дома? Што да правам како? Невен? Кантарион?
Честитки! И мене ме болеше при седнување станување посебно првите ден два ама ќе видиш секој ден помалку ќе боли Дур стигнав дома и конците ми паднаа Не мачкав и не прскав ништо. Јас бев малку сецната,1 конец. Тука што читам членки виоплекс прскаат им помага
Бравоо ете брзо и лесно поминало Мене на 7цм ми кажаа подобро е лајт спинал да ми стават (бидејќи претпоставуваа дека во следните 2 саати ќе бидам породена додека трае анестезијата) ама валда има врска со грлото, кај мене уште 3 дена пред пораѓај беше омекнато, пред да почне да се отвара Ама јас кога слушнав “лајт” си реков да не е нешто што не делува и си побарав епидурална Анестезиологот дојде само кога ми ја ставаа и следно дојде кога се роди бебето веќе. Не ми ја прекинаа на бокс колку што се сеќавам. Ама кај мене и онака не фати добро па сѐ си осеќав Додуша напони не осеќав ама болки огромни осеќав. И таму ми кажуваа кога да напнувам. Не знам дали има врска со анестезијата.
и јас се породив во Ремедика и отидов касно па ме тераа ама имаше индикација, бебче срцев ритам не им се свиѓаше и мене ми рекоа баш обратно зошто јас не сакав епидурал, дека доколку не ставиме ќе одиме на царски дека бебе ќе страда…..многу беше тониранс мојата матка. Ама тоа е сепак таму кога си слушаш
Ако си породена природно со епизиотомија на улошките ставај ациди борици и раната можеш да ја прскаш со спреј виоплекс т . За најбрзо да зарасне и помине само миење без ништо со вода . за недела дена ќе ти биде подобро. Јас со првото имав епизиотомија и за една недела зарасна тоа користев јас. со второто малце испукав одма зарасна за ден два. исто и тогаш мислам спреј прскав. а со третото немав никакво пукање сечење шиење. така е најубаво ама ете неможе ко што сакаме ние. Нека ти е живо и здраво бебето. исто и тебе @Anie93 нека е живо и здраво. големо да расте.
Честитки мајка <3 Со душа те чекав да пишеш, знаев дека ќе не опуштиш нас што уште имаме време до пораѓај. Се надевам следните денови уште полесно ќе би биде и дека киселините конечно поминаа.
Да не ти ставиле и епидурал и спин лајт таа комбинација иде брзо отварање и осеќаш напон за туркање многу лесно бар кај мене таа комбинација беше како и да е дај боже сите да поминат лесно и брзо
@Anie93 @blodixx Нека ви се живи и здрави бебињата, да ве радуваат цел живот Девојки сакав да ве прашам за симптомите, релативно лесно ми е до сега од 6та до кај 8ма,9та недела само киселини имав и многу ми се спиеше, сега сум 10та недела при крај и супер ми е. Скоро и ништо да не осекам, знам дека е нормално ама мислев од 14та недела дека ке поминат како ви беше на вас?
А за д-димери примаш ли нешто ? Терапија ти дадоа ли, некоја поддршка за бременост? Одмарај што можеш повеќе , без напор. Се очекува крварење со хематом, но не се знае кога точно. Со одмор и терапија ќе се среди, само многу е битно и позицијата на хематомот.
На почетокот кога сеуште не знаев дека сум бремена, навечер многу рано ми се преспиваше. И имав многу слаби болки во јајници, па мислев дека ќе добијам менструација. И јас немав гадење и некои тешкотии на желудникот
Ne, denes gi zedov rezultatite Cekam maticnata da mi se javi Inaku mi kaza deka mozebi neka da iskrvaram, kako sto rasti bebeto taka ke ke zatvorel hematomot
И кај мене беше исто како кај тебе, само што ми потврдија бременост во 5та недела имав и хематом, не крварев се повлече на наредна контрола немаше ништо
Инаку што им е на овие матичните, претходно за ехо ми земаше 500 ден сега 600, по н.г може и 1000 ден да ни наплаќаат стварно се без осет, порано без пари бил прегледот