Има некоја како мене шо неможе да спие по цели ноќи, дали имам спиено 3 4 саати чаре за оваа се наога ли
Кога ќе родиш. Ама зависи какво ти е бебето Кога ќе му направиш ред за спиење Шала на страна, не знам кој месец си. Јас од 7ми до крај како вампир бев. Па и цело лето ме фати
Значи пак се осеќаат болки не дека не.Зошто некои ми викаат ехее јас 7 прста бев отворена кога отидов на контрола ништо неосетив дома.А децава нон стоп ги кревам,по цел ден сум на нога,све е на мене и домашни обврски
Последниве недели само преку ден спијам, и тоа на рати. Инаку 40+2 денес, бебе абер нема да искочи вчера прв пат ме гледаа со рака ич не сум отворена. Ми шибнаа апаурин инекција не им се допадна цтг, само тогаш спиев како заклана
Колку облоги со ациди борици имам ставано по раце периодов заради модринки и грутки од клексаните, не ни знаев дека не треба. Такада од едно чистење на увото сигурно не е ништо, нема ни да ти дојде тоа до матка. Уживај
Јас не можам да спијам секој ден се будам пред 5часот наутро ако врзам 5часа сон е супер. А не сум имала проблем со спиење никогаш баш напротив сум си спиела по 8часа и наспана и се како треба. Чаре?
Феминки да ве прашам нешто може малце глупо прашање, но не ми замерувајте. Тие што сте на патолошка бременост и не одите на работа (јас конкретно после успешниот ин витро трансфер останав дома и отворив патолошка затоа што имаше потреба) дали тие што имате социјални мрежи си постирате слики во бременост сега нели не шетаме нз колку ама по некоја со мешко ете така од мерак или се криете?
Само да знаете дека, ако газдите ви се наострат, може комотно да ве пријават. Докторот што ви дал боледување да си добие казна и одземање на лиценца, а вие во целост да ги вратите парите.
Кај мене во фирма сите трудници беа на паталошка се убија од шетање јас и уште една теравме до 9ти другиве по плажи по чуда слики, скоро сите земаат паталошка и јас викам дај боже да ја земаат ради реда зашо паталошка знаеме сите што значи не дај боже никој да биде врзан за кревет
Газдите може да не ги интересира ама сигурно нема да ви кликнат 'like' колегите што ве покриваат во моментов и менаџерите. Мое мислење, ако веќе сте нашле начин да заобиколите нешто, барем не бодете очи (секако ќе испровоцирате).
Не објавувам секој ден слики ама ете еднаш месечно ке ставам нешто, зависи каква ви е фирмата и работата
А зашто да се земе патолошка без причина? Сосила глумење проблем кај што нема? И психички и физички е подобро да се истера бременоста нормално и функционално; глумење лудило и криење е незрело и нефер.
да се надоврзам на муабетот заради такви што зимаат патолошка, ние што стварно имаме потреба од патолошка бременост не малтретираат секој месец да продолжуваме и да идеме на комисија а при тоа МОРАШ да лежиш во кревет зошто нели патолошки случај си ...
Треба да се прочешлаат лекарите на кого се' се дава патолошка не е фер воопшто. И јас радо би да седам дома да не станувам секој ден во 6 и да возам 2часа по гужви ама јбг морам, затоа што е неисправно да земам лажни дијагнози и да се кријам дома. Или па најјаки се тие во јуни прекинуваат патолошка, ќе се вратат ден два на работа за да можат на одмор да одат , па после пак отвараат. Ради таквите злоупотреби е и ова каснење на патолошка, 70% боледувања итн...ама тука се најкриви матичните и приватните