Јас совет им дадов. Јас ниту шетав, ниту слика имам објавено. Многу луѓе не ни знаеја дека бев бремена…
Во петокот испитував Д-димери и хемостаза, ама на истиот упат имаше и барање за крвна група. Е сега за крвна група резултатите ми рекоа дури за една недела, а за Д-димерите знам ми излегуваат одма истиот ден. Ги чекав на апликацијата Мое Здравје и не излегоа, а ни кај матичната ги нема сеуште (најверојатно ќе стигнат кога ќе дојдат комплет со тие од крвна група). Дали некој знае ако појдам на трансфузиологија дали ќе ми ги дадат само тие од Д-димерите зашто тие ми се битни моментално? И каде (на кој шалтер) се земаат резултати таму?
Баш така, последниов преглед пцуев во себе затоа што со цервикс од сантим ипол и шиено грло, каде се молам за секој ден да помине добро, јас морав да станам од кревет и да одам на контрола. Искрено мора да сменат нешто, не може за секоја дијагноза да продолжуваат од комисија само по месец. Да бевме во состојба да движиме, ќе си се радувавме на нормални и лесни бремености, немаше по 24/7 да проаѓаме низ вакви маки, со месеци
Ќе ти ги дадат. Провери ако одиш и за крвна група може ќе се готови, иако викаат за една недела, кај мене coombs тест порано беше готов.
Почнав овие два дена многу притисок да осеќам доле кроз текот на целиот ден, 32ра сум, од чет 33та Знам дека е нормално ама малку се испаничувам дека е многу рано за вака, а и киселини ме убиваат многу, не можам ништо во уста да ставам. Ги имам од октомври ама полабави ми беа тогаш, последниве неколку недели ужас... во среда сум на преглед ќе си прашам за се ама морав вака да се пожалам
Иста ситуација имав на мое здравје се појавија после една недела кога беше готова и крвна група. А ддимери на шалтер оди ќе ти ги дадат
Девојки Здраво, јас сум 15та недела, дали можам да се фарбам? И дали може со обична фарба или сепак фарба без амонјак? Од страф не се фарбав до сега но веќе сум катастрофа имам премногу бели влакна
Ако можеш да избегнеш да биде без амонијак, супер. Ама не е страшно и да е со амонијак. Прво, веќе си 15 недела (првото тромесечје кое воедно е и најкритично е поминато). Второ, фарбата стои на глава максимум 1 час, тоа е премногу кратка изложеност за да допре до фетусот и да направи штета. Само гледај нека биде проветрено во просторијата кадешто ќе седиш додека те фарбаат за да не ги вдишуваш гасовите кои ги испушта истата.
Не знам кај да пишам ама бидејќи е најотварана тема тука ќе пишам.. Вие што се породивте пред брзо време дали новороденчињата ви кашлаат, ви хрчат (потхрчува кога е легнат на рамно како да му се слева у грло нешто)? Инаку читав и за рефлукс, он на секое доење бљуцнува и да ждригне пак бљуцнува.. Инаку и поголемото ми е со затнат нос и кашла..... Значи не можам го однесов на 3 доктори сите викаат само чисти му го носот ништо друго. Страв ми е да не му стане полошо, се жали многу, само си плаче, кога ќе поткашла одма почнува да плаче. Има и мрсулчиња, не му течат како чешма...
Дали има некоја што оди на регуларни прегледи во бременост Систина и колку ви наплаќаат да речеме обичен ехо преглед? Исто после 36та недела ЦТГ е бесплатно ако се пораѓаш таму па дали наплаќаат плус нешто кога ќе појдеш на ЦТГ или не наплаќаат ништо?
Мене не ми фаќа фарба без амоњак мноогу кратко ми стои за недела дена пак за фарбање.Јас се фарбам од 10 недела и во претходните 2 бремености .
Зависи кај кој доктор Од неодамна цените се различни кај различни доктори. Конкретно кај мојата преглед е 5500 ден ама јас со уплатен аванс од 20.000 ден (ради одлука таму да се пораѓам) имам попуст на преглед од 10% (и други поволности) Плаќам 4950 ден преглед. За цтг не знам сеуште (32 недела сум) а и право да ти кажам не сум прашала, мислам дека не се наплаќа, баш ќе прочитам сега. Јас се имам 3 пати фарбано Лореал од дм 400 ден без амонјак
А генерално прегледот од што се состои? Ехото вклучено е? Не знам дали после 36та недела прават ехо или само ЦТГ, зашто пишува дека ЦТГ не се наплаќа. А ако самото појавување таму го наплаќаат толку кога се оди често пред крај не би имало поента зашто може некогаш и ќе ти се погоди 2 пати неделно да треба да појдеш.
Прават и ехо и цтг после 36та и не се наплаќа ако се пораѓаш таму. Обично се оди еднаш неделно а ако има потреба почесто при крајот.
Досега, прегледот се состои од абдоминално ехо и вагинално заради мерење на цервикс. За другото еве членката одговорила погоре
Зависност од потреба прават и ехо и цтг. Ехото во главно да видат состојба на плодова вода и такви работи битни за пораѓај. После 36 недела не се плаќа. Многу зависи кај кој доктор си во врска со обичен преглед. Мојот доктор еднаш ми наплаќа цела цена после следни 2-3 прегледа или како контролен или некоја поевтина услуга. Јас сум му веќе пациент со втора бременост.