Да, јас ги користам два пати дневно од сам почеток на бременост. Сега сум и со серклаж и тие ми се задолжителна терапија
Јас до сега користев утрогестан орално па ми сменија циклогест од 400мг 2*1 (заради претходно предвремено раѓање) а и сеа ми е на граница цервиксот 23мм ( мерено преку абдомен ) се надевам ќе спречат колку толку
Јас пијам и ALA600-SOD, и тоа му помага на цервиксот мада кај мене и покрај се - циклогест, ala600, серклаж вагинален во 18та недела и строго лежење, пак минатата недела ми кажаа дека цервиксот отишол на 15мм и сеа се држи само на конецот. Денес влегов во 27ма. Инече доброто кај вагиналетиве е што не праат гадење и проблем со тврда столица што е многу често кога прогестерон се внесува орално. Плус делува директно на грлото. Поскап е мислам дека, ама кога ќе видиш се на куп колку чини месечно налет.. тоа е, само нека биде се ок.
Добро јас плус токорелАх користам. Ќе пробаме со циклогестов 1 месец да видиме дали се крати на контрола сум за 2 недели се надевам дека ќе под помогне колку -толку по јака доза користам 800мг, а со утрогестанот на 600 мг бев . Со лесно да ни биде и да издржиме до некоја безбедна недела ✌️ мене цел ми е барем до 30 недела да стигнам
Мене ми се зголеми така околу 35та недела како млечно бел исцедок, сите другарки ми рекоа дека е нормално. Баш таа недела нели и брисеви правиме и ми беа чисти.
А која недела си сега? Токорелакс слично е ко ala600-sod, битна е оваа афла липоична киселина и двете ја имаат по 600 мг во таблета.
Прво земав ваја ќесички ама мн ми беа грди на вкус уште повеќе ми се повраќаше од нив, потоа gastrogard зимав јас, тие поокеј беа. Инаку добро е, се учиме. Денес 1недела направивме
Девојки јас се породив вчера со машко дете , во 38+5 недела. Да ви ја раскажам мојата приказна. На 28ми бев на ГАК на ехо поради тоа што цел ден многу слабо ги осеќав движењата на бебето. Со бебето беше се супер но ме задржаа поради покачен притисок. На 30ти решија да ми дадат провокација и да ме породат. И покрај провокацијата јас се отварав многу бавно, но сепак решија за природно да ме породат. На бокс контракциите ги осеќав многу слабо па почнаа да паѓаат тоновите на бебе. Мораше итно да ме породат, па освен што ме стискаа на стомак на крај бебето го извлекоа со вакум. Денес и вчера бебето е на слаба кислородна поддршка, ми рекоа дека било нормално со оглед на тоа дека пораѓајот бил тежок. Се надевам дека веќе утре нема да има потреба од кислородна поддршка јас сум многу загрижена за бебето иако сите велат дека тоа не е ништо страшно.
Ќе биде добар бебуш. Не разбирам зошто не направиле царски, ама не сум медицинско лице можеби морало така. Даваат епидурал на државна?
Искрено незнам зошто не ме пратија на царски. Секогаш инсистираат за природно. Инаку даваат епидурал, само треба да си побараш.
Среќна нова трудници Среќна и за девојката што се породи на полноќ со првото дете во годината можеби е феминка
Zdravo, dali smej dijazepam od 2mg 12 nedela sum bremena? Ili nekoj drugi so bi mi pomozils za smiruvanje na nervniot sistem ?
Среќна и од мене, ама јас ептен лошо ка почнав годината ме фати прво сува кашлица па од вчера се мачам со стомачен вирус повраќање и течна столица значи катастрофа сум едвај се движам, 2 дена одам на инфузии незнам колку ке има фајде секое делче од телото ме боли, па ми препишаа да пијам ентерофурил за течната столица а гледам на упатството пише да не го користат трудници, ваши искуства со овој лек