Колкуу само жени завршуваат со вакум зашто на Гак факинг форсираат природно. И мене провокации ми испоставаа, не осеќав контракции кога бев на бокс и исто. И јас бев со вакум пред 4месеци, и мојата бебка беше некој саат мислам исто така, ама да знаеш сега си е се океј Весело здраво бебче, да не се секираш. Да ти е живо и здраво
Еве овој го користам јас, пијам по 2 таблети навечер. Поддршка на нервен систем, мускули и срцева функција. Наутро пијам по еден магнезиум цитрат.
Јас игнорирам сонови, верувам само во Господ. Соновите се проекција на тоа што го мислиме и размислуваме и кога ќе се опуштиме навечер мозокот ни праи филмови. Јас сум уметничка душа, што се сонувам можев до сеа режисер да станам, поготово во оваа бременост секоја вечер глупости Уживај таму и нека е живо и здраво, машко или девојче небитно мада ајде ваљда од трета среќа ќе ти се падне женче штом толку сакаш
И јас многу сонувам и веќе ми е мака од сонување, се заспијам одма сонувам и јас не сакам така ама тоа е
Devojki dali moze da mi preporacate nekoj dobar magnezium vo kesicki ili za rastvaranje, kakov piete? Jas dosega piev magnezium citrat na Solgar preporacan kako najdobar ama mnogu se golemi tabletite nikako ne mozam da gi goltnam, macenje bukvalno, gi krsev, gi drobev vo lazica, nikako…edvaj gi ispiv site…pomagajte kakov da zemam sega?
И јас истиот проблем го имав со таблетите на Now, сега земав во прав за растварање од Jamieson. Цитрат со глиценат е комбинација.
Жени јас да си се пожалам тука… 41ва недела, ич не сум отворена. Абер нема. Доволно плодова вода има па здравје од понеделник на индукција (ако не почне предходно) инаку на ГАК одам, ми рекоа денес да ме примат ако сакам ама во понеделник индукција и одбив бидејќи секако ми е на 10 минути ќе си одам на цтг утре и задутре. Прво бебенце. Дали може има некоја мајка поискусна? Немам болки повеќе психички се оптеретувам што и како ќе биде..
Магнезиум директ на алкалоид земам јас. И со првата бременост и сега пак, само од него не ми се грчат мускуливе на спиење
И јас бев исто со првото. 41 недела родив со провокација, скроз горе беше бебето абер немаше. На крај провокација и докторот ми го притисна стомакот за да родам.
Исто така 41 недела, едно родив со индукција, второто пропала индукција, царски. Знам дека е тешко и невозможно да не се оптеретуваш, ама тоа е, бебето ќе излезе некако. Јас по 3 дена со индукции се расправав, апсолвирани ми се индукциите на гак, прашај ако те интересира нешто. А може и ќе почне само све, дај Боже.
Бев на лекар, притисокот ми е низок и мене 100 со 60, но мене почнува да ми смета имам отежнато дишење како да немам воздух на моменти мислам ќе паднам. Бебето е добро, ми рече да одам кај матичен лекар за екг но денеска не работеше никој од нив во нашата болница и се вратив дома. Малку е подобро но сеуште имам мачнини...
Знам дека кај секого е инсивидуално и доктор одлучува, ме интересира дали прво пробуваат со инфузија и вагиналетата? Ептен сум неискусна пробувам да најдам нешто по форумов.. фала ти од срце
Јас имам хашимото и хипотироизам и на почетокот на бременоста кога почна да ми се покачува Tsh-то ми се појави градна болка, срцебиење и отежнато дишење. Ми покачија доза еутирокс и за 3-4 недели бев добра. Ако имаш можеби проблеми со тироида провери tsh и ft3, да не треба корекција на терапија. Втора причина во подоцнежна бременост е и поткревање на органите нагоре па притисок да ти праи на белите дробови. Ама во секој случај оди на доктор, ќе се реши што и да е
Со фоли катетер за отварање и вагиналета/ гел за омекнување грло обично почнуваат. Мене ми ставија и венски вториов пат кога не успеа катетерот и гелот ама џабе. А првиот пат почнав сама да се отварам убаво откако ми пукнаа водењак после катетер и вагиналета, така ме испровоцираа ама тогаш грлото ми било скратено омекнато ваљда, сега не можеше тоа да се направи и останав 3 прста со сила отворена. Ова е мое искуство, не значи дека исто ќе ти биде тебе.
Потсвеста ти работи . Инаку јас имам сонувано како го губам првото бебе и како си одам накај дома по скали рагам ситно плаво бебе. После тој сон поминаа 13 години и родив ситно плаво бебе 1105 гр
Да да јасно, исто и мене не ми омекнува грлото не се крати, цела недела одам секој ден нели те проверуваат и демек на толку проверки ќе почне ама никаков ефект. Секој ден врв од прст. Ништо тоа е, ќе помине само јас да се средам психички
побарај на јутуб некои вежби за да испровоцираш пораѓај. можеби ќе ти помогне. ако не му е дојдено времето на бебе неможе со сила јас мислам. можеби е покасно зачнато . почекај чим е во ред со бебето се и има плодова вода ќе си даде оно знак кога сака самото. тоа си е природен процес . јас со сите три дали два пати во 9 месец сум одела на цтг . со сите ми пукаше водењак прво. со третото детската ја чистев стаса за син ми клекни стани цело време и пукна водењакот . со второто ќерками ја буткав со точаче значи три години тешка после земав ќе метам хахха викам може ќе го набутам у канал другото сабајле се породив . со првото пешачев повеќе најслободна бев со тоа. сите ми се родени 1- 39+4 . 2- 39+1 3 - 39+4 четвртово ќе видиме кога ќе се роди рано е денеска 14 полна. ти посакувам што побргу да се излесниш и не брзај со провакација чим е во ред се. знам дека сакаш што побргу да се излесниш последните денови се најмачни. Со лесно па извести не