Двете бремености како небо и земја ми се. Со првото скоро никаков проблем до сам крај а сега се измачив и за неа. Утрово пак станав со матна и тешка глава, немам апетит воопшто, цело време само длабоко дишење малку помага и свеж воздух. Со дигитален апарат мерев 124/81 притисок, сопругот кога ќе дојде од работа ќе мериме со другиот апарат можеби овој не покажува баш точно па ќе видиме за натаму.
Пробувам се и сешто, од пешачење едната нога на тротоар другата на улица, качување по скали, генералки по дома секој втор ден. Инаку не би се нафатила на индукција но веќе е ризик поголем за бебето, инаку мене не ми се брза. Минатата недела ми рекоа дека може да чекаме до 41ва недела, бебе е големо веќе нешто повеќе од 4000г. Фала ви женски
Јас имав цела бременост 60/90 притисок и срцебиење над 100 до 120. Едвај дишев мислам дека од сам почеток. Скали имам дома не можев да ги качам а да не се изморам се качував многу споро. Издржав 41 недела на крај не можев да спијам легната па спиев цел 9 месец седната зошто мислев дека ќе се загушам.
Devojki na moite maki im nema kraj. Pedijatrite na GAK mi rekoa deka bebeto ima mala dupkicka nad anusot, smetaat deka ne e nisto strasno no ke treba da go snimime na nervohirurg za da bidime sigurni. Jas sum isplasena po cel den si placam. Ke ve zamolam ako druga majka imala vakvo iskustvo so bebeto neka spodeli so mene
Сега пак мерев 100/60. Бебето го осеќам како рита во долниот дел на стомакот и болки ми прави, неможам да лежам свртено е сеуште со главата горе.
Стави перница под задник, олеснува притисок на карлицата. Јас сум така две недели веќе ама моево со нозете ме мава во ребра
исто така не им верувај на мерките многу. ретко погаѓаат. мене првото ми го мереа 3.5- 4 кила се роди 3140.
Јас се породив во 41+1, 8 дена над термин, пробуваа со провокации не одеше и ме земаа на царски. Не сум породена на Гак на друго место се пораѓав. Не се плаши додека е се во ред со бебето што подолго во мешето на мама толку поубаво. Ќе си родиш големко, оформенко, здраво бебе.
Еј, ми текна дека некаде прочитав јадење ананас и урми помагаат за раѓање и отварање Многу ми е криво што заради серклажот веројатно нема да можам ова да го тестирам, но ако има некоја феминка слично инфо/искуство нека сподели.
Јас ќерка ми ја родив 14 дена по термин 41 недела и повеќе, таман денот кога решија со индукција болките си почнаа сами и се роди природно 3 870 грама.
Златни сте, ви благодарам за секое споделено искуство! Инаку пробав и со урми, и ананас и чај од лист од малина. Кај мене барем ништо не функционира. Денес пак на преглед еден прст отворена, ми викаат односи амаа јас се осеќам како тенк и не ми е баш пријатно и тоа да го пробам
Среќна Нова Година феминки Јас завршив нс болница една недела поради напад нс бубрег,десниот. Ми кажаа прво дека имам мал застој кој бил нормален зс трудници,ама умирав од болки,после два дена добив некоја инфекција нс бубрегот докторката ми кажа дека можно е мал дел од урината да се враќа назад. Добив антибиотик терапија да ја симнам инфекцијата,исчезна фала му на господ и болките ми се намалија,иначе цело време бев со катетер. После 7 дена излегов од болница,ама болка имам од време на време не се страшни,ама имам болка и не можам да се движам многу и ја осејќам од време на време. Дали некоја од вас имала всков проблем? Бидејќи ако не прекине болката јас морам пак дс одам и не знам вејќе што може да е предизвикува.
не знаев во која тема да пишам, ваљда е оваа најсоодветна, имам останато околу пола кутија метил фолат со добар рок и два клексани доколку и требаат на некоја ги подарувам
Здраво девојки. Вака, крајот на мај поднесов документи за инвитро, со што ми бараа 3 инсеминации. Сега ја направивме третата, утре треба да проверам бетаХцг. Прашањето ми е, доколку тестот е негативен, дали освен 3та инсеминација,ќе ми бараат и нов спремограм во Фонд,бидејќи има поминато повеќе од 6 месеци,од поднесување на документите?
Денес бев на преглед 6недели,слушнавме и срцева реакција .Јас имам 37години и две дечиња. Докторката ми спомна за нимфи тест ,заради годините. Коа од вас има правено која цена и каде,да сподели искуство.Убави празници