Ако мислиш на тој за GBS, брис како брисс, не е воопшто страшно. Мене ми зема повеќе брисеви, веќе кога зима да се провери се, искрено освен ширењето со спекулум што е малку така непријатно (што мислам мора да го пребродиме дека следат доста по непријатни моменти) друго не ни осеќаш, уживај си и не мисли Среќни празници❤️
значи не сум била единствена добро е Паричката кај мене ! Господ здравје ми дава на мене и на цела моја фамилија! Да ме чува и мене и бебо и да имам лесен пораѓај
Не се плаши иди на уште едно мислење. Јас мислам дека не е страшно може да и самата сакрална вдлабнатинка поизразена.
Majki sto zemate za ublazuvanje na nagoni za povrakanje. Ne povrakam ama postojano mi se gadi i imam bolki vo zeludnikot.Ova mi e treta bremenost prvite dve nemav nikakvi maki,so ovaa nemozam da se izdisam.
Мајки што смеам за затнат нос освен спреј со солен раствор? Буквално не можам да дишам и навечер не можам ич да спијам и синусите почнаа да ме болат дури. Кажете нешто што ви помогнало
жени 14+2 сум овие неколку дена осеќам притисок доле во препони болка некоја тапа како удрено да е местото нз како да опишам. како клукање значи без врска. вака ми беше и со другите ама при крај 7-8-9 месец од тежината нормално ама сега некако ми е рано за вакви болки уште сега.
Обавезно на преглед и побарај да ти измерат цервикс. Јас болките како за деветти месец спуштено бебе ги осеќав во 3-4 месец и во 18та недела завршив со серклаж. (дај боже да ти се само лигаменти, ама истиот опис што го пишуваш јас го зборував на мојот доктор пред некој месец).
Иста болка осеќам последните 24-48 часа. Вторпат ми се случува, првиот пат бев на дежурен, цервикс 36 мм го измерија во 18 недела. Како нормален го сметаше докторката. 21 сум сега и дури повеќе боли, ако продолжи и утре, пак ќе идам на дежурен оти вакво слично не се сеќавам да имав со првата бременост. Ако одиш на преглед, сподели како си поминала.
Ми помина девојки ваљда вчера што стоев цело време што спремав од замор беше.вчера бев цел ден на нозе буквално се преморив и се ме болеше мислам.
Домашни капки, две чешниња лук (ако се големи 1 и пол) ги лупиш и ги сечкаш ситно, ги ставаш во ѓезве и додаваш маслиново масло околу 10мл (јас користам потрошено шишенце од оперил убаво измиено).Ставаш на рингла и штом почне да чврчка после 5-6секунди го тргаш и го прецедуваш низ инка во шишенцето (пази да не ти падне лукчето во шишенцето). Од кога ќе се излади слободно можеш веднаш да користиш. Лути во нос и кога ќе се слее на грло ама се трпи. Најдобар лек за синуси, ги чисти скроз башка и природно е, може и за дечиња.Се прави за 1 минутка.
Да те утешам нема спас. Нема што не пробав се беше џабе. Ќе мора да издржиш. Мене само надвор на отворено не ми беше мака.
Мамички имам едно прашање дали и вие сте се соочиле со ваков проблем кога сте се породиле дали дома примавте луѓе до 40 дена кај бебето? Немам предрасуди да се седи дома 40 дена, ама имам луѓе пријатели и другари што уште од сега си прават планови како ќе ми доаѓале кај бебето да го видат. Јас сум против тоа многу сепак тоа е мало и нема имунитет само најблиските на помош тоа е нормално и дома прибирање луѓе не сум сепак треба и мир и атмосфера не хотел промаја да се мешаат толку луѓе. Каков е вашиот став за ова? Тие што имате искуство како постапивте со ова?
Ќе си правиш како што во моментот се чувствуваш ти и потребите на бебето. Бебе е нежно. Прошетки на отворено нормално, ама дома со вирусиве( ако се пораѓаш скоро) не не и не. Ако не те разберат, нивни проблем. Јас септември се породив, шетавме надвор, сите ја видоа скоро. Дома малце покасно дојдоа.
Јас не сакам посети. Прво сезона на вируси и бактерии е, а и да не е, бебето до вчера било во стомак. Второ на самата мајка и треба време за опоравување, хормоните се хаос, нова улога, премореност а и самото раѓање е трауматски процес. Со првото дете молчев глупо ми беше да кажам, со второво одма ќе им кажам дека нема да примаме посети додека не се стабилизираме ние како семејство прво. И за баби ова важи.
Дома само родители со маска прв ден, после само бабите која како можеше ама ретко беше по два пати дали дојдоа чуваа внуци други све настинати од градинка. Сестра брат им рековме без деца, дојде само сестрами без дете, изгледа девер не ја разбираше нашата ситуација со бебе прематурче од 2кг дома па се наљутија, дојдоа прв пат на 7 месеци дома кај нас,нивен избор. Ич не жалам за мојата одлука. Излеговме за 40 дена на молитва (2 недели ми беше дома, а 4 недели во инкубатор) и после беше топло ја вадевме до парк во количка со мрежа.. и надвор на кафе се видовме со пријатели после 2 ипол месеци. Деца не ја чепкаа. И еве сега мислам и беше прв пат така да ја чепкаат за празнициве. До сега еднаш има настинато од после вакцина цел персонал беа виросани, последно мислев настината е пред недела ипол она заби и излегуваа немаше темп само нос затнат. Јас и да немав дете прематурче, немаше да дозволам во ова време на вируси да ми доаѓаат луѓе, или деца освен родители и браќа сестри ако се здрави и стават маска . И би ја чувала дома до 30 дена барем ако си во Скопје нека се ујача. Мн вируси, лош воздух. Нема никаков бенефит. Сестрами се породи февруари пред неколку години во аеродром живеаа , ја чуваше дома исто 40 дена, таму мн загадено прозор што отвараше ден ноќ идеше прочистувачот на 50-60-70. Читам мн жени еве од месец два децава настинати со бронхити и верувам мн е стресно ....
Јас си ја изнесував прошетки колку дозволуваше времето дека ладно и загадено еве и сеа после 40 дена јас не примам гости од типот на другари роднини децата на сите им одат во градинка и страв ми е моето големото не оди во градинка баш ради вируси периодов кој се лути нека му стои ама треба да имаат разбирање страшно е периодов