Е и ја не дозволував никој да ми доаѓа до 40 па неразбрана свекрва ми слава дека правеа доле ми праќаше нејзините внуци да го гледаат па ми беше глупо да им речам искачај надвор..Тетка му без осет болни ги донесе децата и одма му пренесоа и еве уште мака мачиме со мрсули. Ни поголемово не го носев у градинка само да не донесе нешто и пак од неразбрани се разболевме. Еве сега ми ги донесоа со температура децата да се измешаат пак уште нешто да фатиме уште недолечени од првиот пат.... Немам коментар
Кога си дојдовме од болница само го видоа бабите, дедовците и тетка му, сите со маски, измиени раци и ставено средство за дезинфекција. Друг никој не примав некои добри 2 месеци откако се породив. Почеток на Февруари се породив јас. Мој совет ти е да не примаш пријатели, кој сака нека се лути. Ти ќе бидеш пресно породена, ќе имаш полудени хормони, доење, не спиење, хаос е на почетокот. Пријателите можат да почекат. Ништо не е зорт и итно за да го видат. Ќе го гледат, има време. Надвор шетајте, воздух ќе ви треба, гости дома не.
И кај нас едвај чекаат да поминеле 40 дена за да дојдат. Освен моите и неговите други за сега не примам. А и за после 40 со овие вируси и грипови ќе видиме. Јас не сум за ама има луѓе без срам и осет ние ќе дојдеме. Ми иде да им речам ние нема да ви отвориме. Да е потопло времето да се отвара прозор да нема ваков пик на грип добро. Ама вака не. Иначе јас и на сестра ми и викам дека не може да доаѓа кога сака детево е уште многу мало и не сака гужва. Кај и онака плаче вришти по цели денови па уште и со луѓе. Башка пробуваме рутина да создадеме да се бањаме во 7 и во 8 спиење а гости сакале да дојдат баш тоа време. Не знам како ќе издржиме со повојница а ќе доаѓаат 100 посто
Да ми помогнете да дешифрирам што ми се случи ноќеска. Се разбудив со страшна болка и стврднат стомак, ама не беа лажни контракции зашто имав болки. Болката беше буквално на цело торзо - од горе од ребрата кичмата надолу цел преден и заден дел од стомакот па се до долу. Не знаев дали се вистински контракции бидејќи некако не ми беше на интервали а и не знам како изгледаат тие. Болката траеше подолго - можеби неколку минути а после тоа се намали само (не исчезна скроз) и пак се појави после некое време, пак неколку минути истата болка, ама стварно болеше, и после тоа ја снема ама и заминувањето на болката беше споро, не ми помина одеднаш. Инаку 37ма недела сум, освен лажни контракции од време на време други болки не сум имала до сега па не знам како изгледа вистинска контракција.
Заедно живеете? Ако сте на посебен спрат стави клуч. Ако тебе ти е незгодно, а не би требало бидејќи за твое дете се работи, кажи му на маж ти. Мало бебе имаш, неможе да им ќутиш.
Ма така кажи им бебе спие ќе ве викнам кога ќе стане нека бркаат работа кај мене на маж ми најдобар другар сакаше да дојде пред 40 дена маж ми му кажа ние по старски тераме не покажуваме дете пред 40 дена и после 40 пак не ги примам без осет не викам не може и ние да донесеме вирус дома ама пак помалку луге раат
40 дена се најубавиот момент ,можеби и најтешко за да се прифати целата ситуација.Мајката се навикнува на навиките на новиот член без разлика дали е прво,второ,итн. Некултурно е од луѓето што прават така без осет.Остави ги на раат да се видат мајката,бебето и другите членова за сите е ново.Стрес,нервоза,радост емоции измешани.Бидете силни и цврсти за децата од најмала возраст да си ја осетат таа нежност и милост.Поздрав до сите трудници и мајки.Мајките се ХЕРОИ!
Девојки, некој од искуство дали можеби знае да каже. Што мислите за одење на одмор до Грција една недела во 32, 33 или 34 недела. Секако ќе се консултирам и со гинекологот..
Здраво девојки! Денеска бев на мојот прв преглед. Малку сум под стрес. Имено, Последната менструација ми дојде на 10-ти ноември, според GA треба да е 8w3d, меѓутоа, според AUA одговара на 6 weeks и е со големина 0.31 cm, и дека се наѕира срцева акција, воедно докторката рече дека се сомнева на некаков септум ама дека не е сигурна и да се јавам на преглед за две недели, дали некоја од вас имала такво искуство, ова е моја првабременост и сум целата во паника…благодарам однапред.
Со лесно, се надевам се ќе биде во ред. Со септум немам искуство. Во поглед на големината на плодот и неделите, многу е важно дали имаш редовен циклус и овулација. Не секогаш овулацијата е точно на две недели. Конкретно јас сум со ПЦОС и тотално не редовни циклуси и мене ме водат по големина на плодот, а не по прв ден од последен циклус. Гледано со прв ден од последен циклус има скоро 3 недели разлика кај мене со големината на плодот. За понатаму ќе биде важно само соодветно да си напредува плодот како минуваат неделите.
Devojki da ve prasam dali nekoja od vas imala kokoidni bakterii vo urina i dali ste pravele povtorno ispituvanje na istata, vi dale terapija i sl.
За септум немам искуство. Ама за плодот,никој неможе да знае кога точно си имала овулација и кога настанало оплодувањето.
Они доле имаат дневна и кујна а горе имаат спална. Не можам да ставам клуч... Маж ми му кажувам ќе им кажеш им кажав ама неразбрани се. И стварно се неразбрани им рече нема да седи со нив вчера за празникот зошто се болни и пак го викаа, он не отиде ама џабе еве денес и старите можат да префрлат на децава ако префатиле од другите вирус нели? Да земам сега деновиве да не се појавувам дома дур не оздрават
Ма нема никој осет, ја сфаќам мерак им е бебе ама треба да размислат малку со главата акп го сакаш стварно тоа бебе треба да се придржуваш до некои правила. Јас не се замарам за урочување или не знам што туку за вируси скраја да е