Ц ц ц тие зегин значи увозници на фрезидерм се и уште неколку брендови и само тоа увалуваат. Јас со хемороидиве иначе маки мачам сега е кулминација, еве ги недела дена не поминуваат ни од факту, ни од миење после вц. Сега пробувам столицата да си ја омекнам само за да не ме болат толку. Со среќа
Не се ни сомневав дека друго ти понудиле во Зегин. И јас имав епизиотомија, уште во болница сестрата ми донесе за да ставам.
И мене трета ми е, со тоа што и повраќав. Не можев ништо до уста да ставам, дури и вода повраќав. Ама, да не се подречам, последниве 2 дена сум подобро- пијам кисела вода со вкус (Добра вода со ѓумбир) и јадам повеќе и почесто, ама претежно посува храна. Нормално, пак ми се гади цело време ама не толку интензивно. Пробај, може ќе ти помогне.
Јас не повраќам ама тежина ми е и само нешто суво така ако каснам.Цела ден ми е така нема врска дали е сабајле или поручек. Земав Кожувчанка со лимон џабе не помага.Јас сум 7недела на како ќе се издржи
Да не се паркираме на исто место. Јас имам сигурно 10/15 минути, уште сега ме фаќа страв за сабајле, замрзнато ќе биде сигурно. Среќа уште сум на почеток немам голем стомак ама пак… ММ ме кара отвори боледување, ама јас не сакам, секогаш чувам за недајбоже за децава ако притреба па тогаш. Со среќа сабајле, се надевам добро ќе поминеме!
Зегин со фрезидерм веќе досадни се како само тој бренд да е . животот е суров кога треба да пиеш вода во бременост и пиеш нели мораш, како пиеш на секои 10 мин си во тоалет Оф аман веќе, и да се пофалам 15+1 официјално толку рано и киселините ми се придружија. Веќе и полека полека не се спие така лесно како досега. Уште спијам на стомак знам и на грб и ќе се разбудам се вртам одма а не треба на грб . ќе ја избуткам некако оваа бременост не ми е толку тешка со симптоми туку со другите дечиња обврски и сл . Само од гости неможам глава да кренам аман веќе. 10 месеци поминаа од како се роди малата и од како се вселивме во новата куќа уште се мотаат луѓе без осет на повојница и за куќата Осет да се нема дека ми е мачно три деца и бременост. дали мене ќе ме викне некој на гости како кафана ми стана куќата Значи сакам само одмор и мир ништо друго...
Helloo. Јас стигнав до 26+3 па утре или задутре планирам да одам на трансфузиологија за д-дмери и фактори на хемостаза. Ич не сакам да одам по болници баш сега во екот на грипови и вируси ама морам, ќе ставам маска и ќе се молам побрзо да завршам. Освен упат од матичниот гинеколог нешто друго треба да носам? Прочитав неколку страници поназад некој имаше пишано дека не мора да сум гладна.
Честиткии, со лесно до крај За транфузиологија само упат и книшка, не мора да си гладна. До сега два пати сум била и релативно за брзо (15-20мин) сум завршувала, се надевам нема да ти се погоди ептен гужва.
Zenski dodeka ne sum pocnala mnogu da panicam da ve prasam, 34+3 sum , sega pocnav da osekam grcevi dole kako menstrualni bolki ne se jaki ama ne se prijatni, da odam na dezuren ili ne
Јас такви осеќам веќе неколку недели, а само што влегов во 38ма недела. На последен преглед ми рекоа дека е нормално да се осеќа притисок и болка долу како се наближува времето и дека ако не е прејака и ако не се случува на зачестени интервали дека не е алармантно.
оооф се ми е ново ова, последниве два дена осеќам и како притисок доле да ме влече многу е чудо... ти како си? Каде ќе се пораѓаш
Не се потресувам воопшто. сеуште не ми е тешко на грб спиењето само ако се разбудам на грб и се вртам оти некој кажал дека така не треба не дека мене ми е тешко. посебно оваа бременост ова требало ова не требало не се пазам воопшто е тука ми е малку страв дека не се пазам заборавам на моменти дека сум бремена. кревам деца син ми е 2ипол . значи по дома сите обврски клекни стани трчај по деца кревај. и од после кога ќе ми текне леле викам да не направам некој проблем. Уште некако неможам да се навикнам на оваа бременост. имаше период и уште има се отепав од плачење дека не планирано мислев нема да го сакам ваљда хормони и замор си го орават своето. таман се навикнавв бебето престана да цица се ослободив некако бремена пак. Се надевам се ќе помине кога ќе се роди и ќе го земам во раце. За третото ни беше планирано ама син ми беше толку напорен и ми беше многу мачно во бременоста имало ноќи колку сум плачела и ќе си викам што ми требаше ова уште едно дете. ама кога се роди кога ја земав во раце толку беше убава што вредело се само си реков ако не си ја родев сега ќе ја немав. Се надевам и со ова така ќе биде. Значи не е исто со прво бремена, второ трето и тд секоја наредна бременост е се потешка неможеш да легнеш ако ти се спие да одмараш како со прво бремена , ако ти се лоши другите деца не те прашуваат дали ти е добро треба да си тука за нив во секое време. Скоро сите деца највеќе се по мајката поврзани. сите мајката си ја бараат. Не за џабе викаат една е мајка.