Мојава сега не ми дава да легнам, освен кога легнуваме за успивање. Што ќе биде кога ќе се решиме за бебе 2 незнам 10 луѓе да има во просторија, она како коала закачена е на мене.
Ќе се зголемува тој притисок со тек на време. Кај мене е различно некогаш е повеќе некогаш помалку. Ќе почнеш да осеќаш и повеќе притисок на бешиката кај и да е, особено кога ќе се движиш. Ама нормални се тие симптоми како се ближи терминот. Инаку кај мене различно е, се поместува бебе шета горе долу, кога е погоре си патам од киселини, кога е подолу од притисокот и од бешиката. Среќа уште малку остана. Инаку во Систина планирам, утре сум на преглед, ќе видиме дали има абер за излегување или не Ти каде?
Дали има некоја како мене, што и да јадам или вода да се напијам ми пречи на желудникот го осекам јадењето како вишок, од што може да биде вака како да не ми ја доволно вари храната
Не знам која недела си, ама не е дека не ти ја вари храната туку изместен ти е желудникот погоре и потиснат од зголемената матка па нема исто капацитет како порано. Јади почесто но помали количини за да му оставиш простор да ја свари храната, да не се осеќаш прејадено и да намалиш веројатност за појава на киселини. За жал нема спас од ова и само полошо ќе станува како поминува времето.
Веќе во трето тримесечје, кога интензитетот со кој расте бебето е најголем. Затоа и матката најмногу се зголемува и бутка се наоколу, вклучувајќи го и желудникот и цревата.
Според она јас што го знам за спиење на грб е во поодмината бременост, кога бебе ќе е поголемо, може да притисне на главната вена во стомакот и да го намали протокот на крвта. Затоа и често кога лежиме на грб чувствуваме тегоби. Не памтам која недела си, ама на почетокот јас и на стомак спиев. До пред месец спиев и на грб, најчесто поради киселини, ама сега ми е тешко веќе и само на страна спијам. Убаво ти викаат, спиј како ти одговара, телото ќе ти каже само.
Dali nekoja majka na GAK ja imaat inducirano so foli kateter odnosno balon?Ako moze da spodeli iskustvo.Blagodaram
Добро вечер мамички, долго време ве читам и дојде времето да се приклучам и јас на темата Прва бременост ми е и цела сум испаничена. Елем, прв ултразвук ми беше на 9.1 каде што бев 6+1 се виде добра поставеност и трепкање докторката нејкеше да ми каже дали има срцева акција или не и ме презакажа за 20.1 денес на своја рака правев бета и ми излезе 21341.8 јас никакви симптоми немам освен умор ма да и пред бремемоста бев спанка па би сакала од поискусни да слушнам дали е ова во ред ?
Па да, дај боже да биде се во ред. Имам неколку неубави ситуации од блиски луѓе па си овертинкувам се фала ти многу
Мене, 2 пати. Кај мене лично не поттикна пораѓај, само механички се отварав по 3 прсти и после други методи мораше да се користат за да продолжи пораѓајот. Што конкретно те интересира?
Не знаев каде да го поставам па прашањево темава е многу фреквентна. Каде се наоѓа канцеларијата на др. Јани Ангеловски на трансфузија кога не му е приемен ден во амбуланта, во која зграда е?
Каде што одиме за преглед во истата зграда од шалтерот лево низ вратата прва десна врата мислам беше.
Како се наближува крајот, така едвај чекам да можам си ги облечам старите алишта Ми фали да си се вратам на себе, почнаа да ми недостигаат некои сукњи, панталони, фустани...
4месеци пп тек сега успевам да влезам во некои фармерки 38 Другите што се помал крој ќе почекаат уште малку
Ауу со нетрпение чекам... Цела бременост одбивам да купам трудничка облека, па еве во 9ти уште функционирам со неколку пара хеланки и некој поширок аутфит што го имам од претходно а можам да го прилагодам за периодов. Ама затоа си купував облека (особено сега со попустите) што знам дека ќе ја носам после тоа. Се измерив баш скоро, околу 8кг имам качено. @Peperutce6 колку се имаше поправено ти за време на бременост? Брзо си се вратила. Мене ми е страв дека ќе ми треба доста време да се вратам назад.