Ако ти е за утеха, јас бев скоро 30 кила поправена, немам пробано ама еве 9ти ден од пораѓај мислам дека можам да влезам во 40 се надевам ќе се вратам брзо на 36/38 ама релативно брзо го снемува стомакот и отоците
8 кг јас не го ни рачунам за поправено. Бебе, плацента, плодова вода, крв е тоа. Јас 9 кг имав плус на ден на пораѓај. 60 кг имав пред да останам бремена, кога се вратив од болница истиот ден се мерев 61кг имав, а за две недели ни трага од стомакот немав, а и струкот ми беше ист како пред бременост. После па проблем ми беше што идев надоле со килажа, до 55кг дојдов, што за мојата висина се малку, 34ка/XS носев.
Која недела си ти, јас 7кг се имам поправено 27 недела сум и мислам малку закочив дека ме фати стомачен вирус околу празниците и ништо не јадев 5 дена освен банана и двопек, сега гледам стигнав до 70кг
Ко себе да се читам, какви све работи си купував кога бев трудна ама се М бројчиња ко што сум си носела, труднички фурав широки маици и фустани пошто крај на август се породив. 10кг имав качено два дена пред пораѓај се мерев. Бебка беше 4кг. Е сега после 4 ипол месеци, јас не сум минус тоа што сум била претходно, имам уште 2 кг да симнам па да сум на стартната килажа. Иако искрено, се осеќам многу покрупна. Градиве поголеми дали дека дојам, нозете рацете топ ама стомакот ми е останат плус имам дијастаза која успешно ја намалувам прст ипол е. За диета ригорозна не се нафаќам ради млекцето, ама еве вежбам секоја вечер тежински зашто јас бев мн згодна пред да бидам мамичка
Фала ви многу на сите за одговорите За утеха е тоа што скоро сите како така сте се вратиле или се враќате полека на старото тело. И јас многу си го сакав телото пред да останам бремена и отсекогаш имав страв како ќе изгледам и колку ќе се поправам. Плус се одржував со вежбање и доста физички активна сум иако и природно сум слаба. Ама вчера депресија ме фати кога се видов на огледало, ми се појавил така малце целулит на задникот и на бутовите горе кој го немав претходно, дури како да ми го снемал задникот делумно Ама си викам за 38ма недела веројатно е нормално. Ќе треба да се поработи повеќе после бременост, само нека се роди малово живо и здраво па ќе му ја мислам
Најбитно е бебето, ама како некој на кој му е важен и физичкиот изглед си реков време е да се посветам и на себе. Среќна мама среќно бебе Нормални се сите промени, бебе сме растеле во меше. Се ќе се врати во нормала, само со желба.
Каков ролеркостер од измешани чувства е бременоста… Во еден момент си најсреќна и благодарна што носиш живот во тебе, што телото ти е створено за да ги издржи сите можни промени и болки, што можеш да имаш период од 9 месеци само за тебе и бебето каде што се чувствувате и поврзувате секојдневно. А веќе во следниот момент настапуваат чувство на страв, паника, неизвесност, збунетост… милион прашања и мисли почнуваат да ти се вртат во главата, во 2ч сабајле се консултираш со google и chat gpt за се што ќе ти текне во моментот. Во исто време си возбудена и пресреќна и едвај чекаш да си го држиш бебето во раце, да го гушнеш, да го мириснеш, да видиш што човече ќе излезе, какво ли ќе ти биде секојдневието од моментот кога ќе се роди па натака. Секое чувство одвнатре во стомакот е благослов, од најнежно тапкање па до силно клоцкање. И има денови каде што бебето е мирно, не е многу активно и тука пак мислите почнуваат дали е се во ред, зошто не мрда почесто, па вчера беше on fire а денес едвај 5 пати го осетив… И така деновите поминуваат, ролеркостерот се појако дрма и денот за пораѓај се приближува со брзина на светлината. ЌЕ БИДЕ СЕ ВО РЕД. Денес влегувам во трето тромесечие па така ми дојде да се искажам, а верувам дека многу од вас ќе се пронајдат во напишаното.
Јас имам 14 качено, претежно во меше ми се, и најверојатно нема да можам одма некои фармерки и сл, ама нешто што е покомотно и со еластин, мислам ќе можам. Ќе видиме, можда па си правам Бајрам на умот
Даа, отсекогаш сум се воодушевувала не тие мајки што биле средени дотерани што се грижеле за себе како го постигнуваат тоа. Знам дека е многу тешко да си посветиш внимание на себеси со бебе ама со желба и подршка од партнерот мислам дека е изводливо. Читајќи ги коментарите од другите членки дека и повеќе килограми се симнуваат брзо, верувам дека ќе може.
Само што видов фб пост од Систина за мајка која што имала малку плодова вода од 17. недела. Ја третирале со т.н. амниоинфузија и си истерала бременост до крај. Дали некоја слушнала за амниоинфузија или можеби има искуство? Не знаев дека постои овој метод.
Мислам јас се чутам овде, измешани емоции час страв час радост, јас и ти тука некаде сме најверојатно со недели
Оваа метода од 1980 се применува, ништо ново не е во медицината. Физиолошки раствор се внесува во матката преку катетер. Лично искуство немам, имам блиска кај која пред пораѓај и направија амниоинфузија, затоа што утврдија дека има мекониум плодовата вода, со цел да се раствори што е можно повеќе. Ова беше во 2015год.
Јас што да кажам со 77 почнав сега сум 91 кг,а 20 недела сум.Трета бременост добро функционирам со 2 деца,маж ама наеднаш качив на килажа.За двете деца така се поправив и одма падна килажата после пораѓај.ако ви е утеха тоа сум јас.Дебело и среќно трудно женче.
Е многу ми се допаѓа последнава реченица. Јас до сега 10кг имам качено а имам уште 3 месеци да терам. Апетитов мој нема крај, и претходно сакав да си кркам ама сега леле мори мајко. Пробувам да не се оптеретувам со килажата, најважно ми е да сме јас и бебе добро а другото ќе се среди полека со тек на време.
Јас се поправив 30 кила. Цел живот сум сув стап ама во бременост многу ми се јадеше и си јадев. После 40 дена симнав 20 кила. Ми остануваат уште 10 да симнам. Релативно брзо ми иде. Не се замарајте со килажа кој сака да ослаби ќе се среди
Не знам дали имаш проблем со плодовата вода ама јас од мое искуство да ти кажам да не се секираш. Јас имав намалена плодова вода од 24 недела. Цело време идев на контроли да ме следат дали ми се намалува водата. Имав препорака да одмарам и да пијам многу течности. Ептен бев дисциплинирана и со намалена плодова вода се породив 40+3. Инаку ова од Систина го имаат и на ГАК на паталошка ако има потреба и они истото го прават. Инаку водата не треба да падне под 5. Мене ми варираше од преглед на преглед од 6 до 8.
Девојки кажете ми вие што сте со киселини секој ден ли пиете нешто, оваа моево не се трпи насабајле и така итака ама веќе навечер...
Јас по потреба пијам, ама откако влегов во 8ми месец веќе тоа стана секој ден, исто навечер имам најмногу мака, јадела не јадела исто ми се фаќа. Секоја вечер пред спиење грицкам еден гастрогард, некои ноќи ме буди пак киселина па станувам за да земам уште едно. Преку ден гледам да издржам ама кога не бива грицкам по едно. Среќа па ми помага колку толку.