Исто, некој ден со една поминувам но во последно време по 2 некогаш и 3 како што кажуваш и ти се будам навечер и пак грицкам
Јас сум 32 недела и сум поправена 14кг, а и пред да останам трудна имав плус кг, се поправив зошто бев на хормонски терапии. И кај мене не се познава толку многу. Не верувам дека одма ќе се вратам на старата килажа, ама се надевам дека еден ден ќе стигнам пак до таа бројка.
Од 5та недела ми се гадеше без престан, на крај почнав да повраќам и после полошо ми беше, на врвот на тоа и завршив на инфузии од дехидрација… таму 15та недела преќина гадење и повраќање. Ама од инфузиите се воскреснав. Мене многу ми помогна џвакање на мастики, друго се пробав, немаше подобрување. Не знам што ми беше полошо, дали гадење 24/7 или повраќање па после гадење од повраќањево. Ме уништи ќерево.
На тема килограми, што носевте после породување? Нема шанса од прва да влезам во 34ка фармерки, а ќе треба да излезам од пижами евентуално
40 дена труднички носев Кај стимакот ластикот ми беа големи смс си ги подвратував само во нив ми беше комотно ич не можев нешто да ме стиска
Јади морков,кисела вода,јас џвакав органско какао,грицки квики.Така до 5 месец се намалија.А апчиња ми кажаа да не земаш зашто си на почеток за првото пиев Рупурут ама 8 месец.
Dali ima nekoj so mala razlika na bebina. Moeto e 6 meseci ama sakam uste edno. Sepak ne sum premlada a bi sakala da si imam dve decina. Sto mislite za mala razlika megu bebinata. Znam deka bi bilo haos haha ama me interesira vase mislenje
Со вторава бременост до сега немам таков проблем. Од утре сум 22 недела. Со првата имав уште од првиот скрининг 'лесно намалена плодова', така бар пишуваше на извештајот. Де ќе е намалена, де ќе е нормална и така терав до крај. Се породив 36та на ГАК заради многу намалена плодова вода. Лежев на патолошка 2-3 дена, не ми спомнаа дека постои третманов. Никогаш и не добив конкретен одговор зошто се намалува водата. Тебе ти кажаа нешто?
Не, направив едно чудо испитувања на разно разни вируси немав ништо. На крај ми рекоа може таква ти е бременоста. Фала Богу се заврши како што треба.
Ме интересира дали порафи махгнезиумот кој мора да го пијам 3пати дневно е намалена активноста на бебето ( плус пијам и други лекови меѓу кои моментално и антибиотик). Бебево претходно со лакти, нозе незнам ни ја си беше активно а овие 3дена е многу намалена активноста. ( бо болница кога лежев ми рекоа демек било од магнезиум) згора на тоа примив 2дози за зреење. Некој искуство?
Магнезиум пиев два пати на ден. Заклучно до 5 саати пред пораѓај. Додека да искочи не престана со мрдање. Знам дека од инекциите за зреење, знаат да се успани, ама дека не е ништо страшно и дека е нормално.
Од зреењето е. Требало да те информираат дека од инекциите може да се јави намалена активност во движењето на бебето.
Девојки ве молам за инфо, кој магнезиум го пиете? Со ивф сум ми ја прекинаа скоро цела терапија освен пре мама, вит Д, фолна и б-12. Докторот претходно ми рече од 12та недела ке пиеш ама заборави да ми каже на претходен преглед и јас заборавив да прашам. Секако ке се консултирам и со нив пред да земам. Поздрав ♡
Можеш да земеш магнезиум глицинат. Поголем процент се апсорбира за разлика од другите форми во кој е достапен (оксид/цитрат) и плус ако го земаш навечер што е препорачниво може малку да ти помогне и за спиење. Јас го пијам тој од HealthAid ама сигурно има и други.
Дека пркмав венска инфузија магнезиум која тече 12ч и сеа дома пијам 3пати магнезиум од по 400мг. Дали долго време после зреење е така или?
Да магнезум сулфат таму што се прима се високи дози интравенозно, грам на час, во рок од 24ч. Треба да го успори, плус зреење. Може до 4 дена да е поуспано. Ама сепак консултирај се. Кај мене беше така.
Здраво на сите Вчера малку повеќе пешачев, ноќеска неможев да спијам, имав болки во мускулите посебно во колковите едвај се вртев во креветот. Денеска го осеќам стомакот доста потврд еве сега откако јадев посебно неможам да дишам, камен тврд и малку боли некоја нелагодност. Бебе се истегнува одвреме навреме. Што советувате да направам малку да олеснам, ќе пробам топол туш малку... ме фаќа страв некако 32+1