Јас последните 2месеци умрев од киселини дење ноќе… на пораѓај со рупурут отидов… докторката на бокс ми вика ќе буткаме? Викам чекај киселина ми иде се утепаа од смеење сестрите. Мене рупурут само ме смируваше помалку навечер до спална ми стоеа
Ќерка ми, ми удри клоца во стомакот, поточно горе кај реброто, не бе заболе воопшто некако беше тап удар при облркување, ни сега немам никаква болка, ама сега се таму ми е паметот, како цревата да ми кркорат баш на таа страна само, од мисла ли е не знам. Бебето си мрда долу ниско, 24та недела сум, не верувам дека е качено високо кај ребрата сеуште. Искуства?
И кај мене исто прави веќе неколку недели, ама свртена е со главата надоле и ножињата се горе кај ребрата од десна страна. Тапи удари се, ама некогаш многу непријатни. Јас сум 32+5.
Мајки, трудници ако имате искуство, ве молам споделете.. Имам гестациски дијабет, приватниот ендокринолог ми даде комбинација од глукофаж апчина 2×1, и инсулин пред спиење. На државна го земав инсулинот па еднокринологот којшто беше на смена кажа дека подобро било само инсулин за трудници од колку глукофаж.. и кога веќе се давало инсулин немало потреба и од апчиња.. Двајцата имаат различно мислење, ве молам ако некој има искуство да сподели.. благодарам
Здраво девојки На 13.01 правев уринокултура во Биотек. Според нивните анализи ми излезе Streptococcus agalactiae gr B. На 16 јануари однесов примерок за уринокултура во Авицена каде резултатот излезе чист без детектирани бактерии. Во меѓувреме матичната ми даде антиботик ампицилин. До сега не сум имала ваква ситуација бремена сум 32 недела
И јас лошо сум разбрала. Ако не е силен удар, немаш болки и бебето си мрда нормално, не би требало да има проблем. Следи ситуација и ако се посомневаш на нешто, оди на лекар.
Жени, за земање бебе од болница ми треба ли торба за него со памперси чуда? Или само алишта и транспортер, во Систина ќе се породувам
Ќе ти дадат се и торба и памперси и триста работи плус. Они го облекуваат бебето само ќе си имаш облека за бебето за излез спремно
Мајки на 6недела бев на преглед докторката ми закажа следно на 12 недела. Нели е премногу 6 недели за следен преглед.
Со ќеркичката бев во Македонија и пак имав преглед 8/9та недела пред скринингот според мене можеш да си бараш еден меѓупреглед.
Реално многу е, ама па може намерно направила за да не одиш и 10та и после 12та за скрининг. Ако ти е мисла слушни се и барај да те види измеѓу.
Дали има Фала ви на сите. Сега за сега проблем немам освен киселини и гадење. Ќе прашам и ако има потреба ќе одам,сепак и нестрплива сум да видам дали е се во ред.