Здраво ме интересира дали никој не ги пријавува докторите во државната болница кои земаат мито или никој ништо не им можи? Исто и докторите кои се дерат на трудници и им создаваат дополнителни стресови. Да имаш болки а да не ја гризе совеста да те врати дома без да те прегледа. Во каква држава раѓаме деца...
Види, реално, ако ти се гади сѐ е во ред. Бар јас така се тешам Ако немаш болки/ крварење нема потреба од грижа, иако те разбирам, и јас сум цело време во грч и нестрплива, ко прва бременост да ми е, а не трета.
И мене ми е трета , ама одамна ми се родени првите две . И нестрпливи сме да го дознаеме полот патем Која недела си ?
Исто и ние ама кој знае. Многу поразлична бременост од првите две. Дај боже да ни се исполнат желбите ♥️
Мајки, дали е нормално во 32 недела да се чувствува притисок, па дури и болка во долниот дел на стомакот, посебно кога станувам од кревет? Дали бебе е ниско поставено и ме притиска толку? Во понеделник сум на преглед и таму ќе прашам, ама еве и тука, да ми кажете од искуство. Исто, мака ми е да се свртам од една на друга страна додека спијам, цела ко укочена сум.
Мито зимаат, ако пациент даде. И тука и двете страни се криви реално. И тој што дава и тој што зима мито. За второто, јас би со јавен статус, име и презиме да објавам се.
Јас сум иста, 32+3 денес. Деновиве многу ми е мачно спиењето, ме болат колковите едвај се вртам ноќеска, повеќето ми одговара спиење на десната страна, кога станувам имам болка во долниот дел и препоните. Во вторник сум и јас на контрола. Мислам дека сега најмногу растат и затоа се чувствува тој притисок и тежина.
Така се научени оти ако не им дадеш не те погледнуваат. Сите шо одат и на преглед носат полно кесе. Ако се грижат за тебе на крајот сам ќе им дадеш од благодарност а не да им платиш за да те гледаат. Тие земаат плата за да се грижат за пациентите.
Баш дека зимаат плата, благодарение од наши месечни придонеси, нема за што да им се дава. И народот така ги научи. Морало кај тој и тој да оди. И на парите или поклонот. Денар не дадов, ни за прегледи, пораѓај, операција. Па не бев помалце третирана од останатите. Е не бев кај извикани доктори.
Во 2022 ја купив од loco croco na kikkaa boo be loved kolickata 2 in 1 многу сум задоволна ја искористивме максимално за првото еве и за второто ја користам нема мрднато ништо ко нова е
Јас сум за трето и е женско некаде во 15 недела ми го виде полот Др.трето е првите 2 машки за третово јас имав такви гадења до 5 месец сега ми намалија ајде можеби и кај вас се женски
Ти благодарам на споделено се надеваме. А дали е вистина за тоа стомакот како ти изгледа. Еве јас имам стомак и од пред да останам бремена.Правена сум операција од слепо црево и имам дупка на средината,па како два стомаци да имам
Dali e normalno da se kacit kilaza za vreme na stimulacija? Sum na 9 den od stumulacija a imam kaceno 4 kg