На стимулација за забременување? Минатата година кога бев на стимулација доста се поправив, така да можно е.
Моли се после пункција уште толку да се поправиш. Не се замарај со килажа. Јас се поправив од почеток на процес ивф до крај на бременост 30 кила. Еве за месец дена симнав 20 или па сум била цела отечена па со породувањето сум спласнала.
Sekako za toa se molam ni transferot ke mi e posle 1 mesec pa strogo mi zabrania da se popravam deka i taka sum mnogu debela . Se plasam da ne mi prajt posle problem
Ако стимулацијата е хормонска, нормално е. Избегнувај бело брашно, се што содржи бело брашно, благо и газирано. Ти посакувам бескрајно многу среќа и да пуштиш тест со две жар црвени линии.
Кај мене беше стимулација, па да се проба природно, па стимулација и инсеминација. Неуспешно беше. Мене тешко ми одеше симнувањето кг, ама таман го фатив редот и со храна и вежбање, останав трудна сосем случајно. Од тогаш се ми се поремети, ама за убаво е. Не се замарам многу со кг сега.
Што значат калцификати на постелката? Денеска бев на контрола 32+5 , бебе свртено со глава надолу но рече уште има вода и можности да се врти по стомакот. Рече дека имам калцификати, обично се јавувале кај пушачи но кај мене тоа не е случај ,јас немам никогаш користено цигари. Бебе 2кг Јас имам и многу мал стомак а бебе вика напредува добро расте нормално... но ете некако ме загрижи ова. Нареден преглед на 03ти за брисеви
Другарка цигара нема запалено во живот, а имаше исто калцификати. 40 та недела се породи, бебе тежина над 3 кг беше. За големина на стомак. Снаа ми беше огромна, бебе 2500 гр се роди.
Јас имам калцификати од 3ти месец негде ми ги видоа. Покасно нргде од 6м одев на секои 2 недели на ддимери, бебето нормално се развива, вода има, терапија не ми дадоа. Сега последно рекоа толку не треба ништо до 36та недела од тестови. Инаку до 30та правев редовно. Да не се развиваше ќе ме ставеа на клексани, така ми рекоа. Инаку не сум пушач ни јас , не знаат од што се јавуваат нема конкретна причина дека е од цигари. Само да се следи растот на бебето е важно.
Моето бебе во Скопје што бев на прегледите заради боледувањата секогаш го водеа една недела напред со мерките и не спомнаа ништо, сега матичниот ми рече.
И мене во ремедика ми ги "игнорираат " на скрининзи затоа што сите други параметри биле добри, матичната повеќе инсистираше на прегледи дополнителни. Мене вака ми рекоа во Ремедика штом се храни и напредува тоа ни р најголем показател дека плацентата добро работи
Ни јас не пушам, имав калцификати, лакуни и што ти не овој пат ми кажаа на ехо, и тоа пред 9ти месец, ама не се замарав искрено, бебе 3700 излезе, а на крај и мене стомакот не ми беше толкав, јас се плашев дека бебево ќе биде големо зошто некои доктори го мереа мн големо, ми викаа кога ме примија стомакот ти е мал 3200 е. А првото бебе ништо на ехо не ми кажаа, коа се роди 3 кила беше, ми искоментираа за постелката кога ја видоа, ме прашаа дали сум пушач. Ако напредува бебето ич не се замарај.
За првото бебе исто стомакот не ми беше многу голем а бебе се роди 3 900 , тогаш точно ми погоди за килажата плус женско бебе беше а сега носам машко но за разлика од првата бременост не ми се познава дека сум поправена а сум +10 кг. Но живи и здрави се надеваме само на добро, уште малце остана