Женички јас се породив ноќеска во 3 часот,36+4 бебче 2850,супер сме фала му на Господ.Ви посакувам на сите да си дочекате здрави и прави бебиња.
Дали ви наплаќаат матичните преглед од како имаше на вести дека не смеат да наплаќаат ехо пап брисеви и сл. ??
Да, мојата се уште наплаќа дури и покачено и е. За брисеви не ми наплаќа, само ехо плаќам, дава фискална со стои ехо преглед на сметката..како и е регулирано поима немам
Искуства со бодеж/гребење на местенцето над срамните усни, повеќе на десно? Наеднаш почна вака, други нисто не осеќам....24+6
Бев на преглед, докторот вагинално со рака ме провери , на цтг имав една јака контракција што не ја осетив. После прегледот осеќам чат пат како менструални болки доле, болно ми беше кога ме проверуваше не знам дали може да е од тоа... ми рече дека е затворено грлото, 36та сум
32 сум јас и имам време до Март ама жими се повеќе се плашам од прегледот со рака одколку од самиот пораѓај и во последно само на тоа мислам, не ми излегува од глава. Малце незгодно ми е и од сондата ама ме прегледува секој преглед и се навикнав, а од ова не знам... Дали треба да има индикација за таква проверка пред терминот? Или е процедура.
Процедура е, јас му кажав дека имам неколку денови наназад менструални болки и затоа сакаше да ме провери, непријатно е ама не е болно да не можеш да издржиш немаш потреба да се секираш малце ќе си покенкаш на стол и готово, брз е тој преглед
Многу сум склона кон страв, пред да забременам лечев и тахикардија и вака кога ќе зацртам нешто, уфф Фала ти многу!
Процедура е. Само биди опуштена додека прегледува. Длабоко воздух ќе земеш и кога ќе осетиш дека прегледува, опушти го телото и полека издишувај.
Се напив, ама имам стварно болки... не знам како треба да изгледаат контракции, ова ми е тапа болка доле како грчење, ќе пушти па пак ќе почне
Ако не ти се смирува, оди на преглед. Кај мене почна со болки долу кај бешиката, како преполна да е. После тек ми почнаа болки не толку јаки и во болница со 4 прста бев примена. Прати и оди на преглед ако неможеш да трпиш.
Што направи, како си? Породилните болки се на правилни интервали. Пример мене ми почна на 1 час, па на пола час.. па на 20 мин. Па се пократко и пократко да траеа долго. Значи болка што започнува и трае па се смирува, па ја снемува и така во круг.
Здраво. Дали некоја од вас се соочила со csp на бебо( cavum septi pellucidi) на граница во текот на бременоста?
денеска ме боли на моменти, па ќе помине, исто и како бодежи осеќам доле. Не сум била сеуште, реков ако се вистински породилни валјда повеќе ќе ме боли
Не боли, опушти се целосно и тоа е момент неколку секунди. Мене ме прегледаа може 4 пати, различни доктори. Кочоски беше малку погруб ама пак се трпи не е нешто страшно, е непријатно.
39та недела сум до сега на ЦТГ не ми покажало некоја висока вредност на контракции, но денеска на неколку наврати отиде над 70-80 а останатото време беше околу 40-50. Болки немав никакви. Колку треба да е вредноста за да е алармантно или да сигнализира дека можеби нешто ќе се случи во скоро?