Јас ставав ладни облоги на чело, ама лето беше, тоа ми помагаше. И не користев телефон кога ме облека глава, ми ја влошуваше главоболката.
За главоболки цел 4ти месец и 5ти имав главоболки секој ден, но се трпеа не беа нападни, ми беше ептен нервозно што ги имав секој ден, а сега еве 29та недела немам главоболки
Како трошите енергија во 9ти? Ич не ми се лежи а многу брзо се задишувам било што да правам )) како свинче Сега прередував фиоки во дневна зошто нели многу битна работа е тоа дали дека подолго време клечев и седев на пот, стани-седни , умрев
Ви се случува ли да имате бодежи во дојките? (Да напоменам дека лред неколку год ми е откриена циста) дали е поврзано со тоа според вас или? 20 недела сум
Јас имам цисти, сега во бременост се намножиле но мислам дека тие не болат. Веројатно бодежите ти се од млечните канали, првородка си?
Еве јас да се пријавам Синко машала ме утепува секој ден,многу е активен не застанува на моменти и болно мие ме удира на некое незгодно место. Когс и да си го погледнам стомакот цело време се бранува Јас кога сум во движење цел ден не го осејќам толку,ама когс ке седнам почнува забавата.
Јас 32 сум, досега не сум имала ниту еден преглед само абдоминално. Грлото на матката го гледа секогаш вагинално.
Исто, еве 36та недела мислам дека зависи до докторот, на пример моиве другарки после 12та не ги гледаа вагинално. Не знам може грешам
Не знам дали ќе бидам оф топик на темава, ама дали некоја мама знае кај да најдам целостани хеланки со маица или блуза нагоре што се?
Јас лани додека не бев бремена имав една циста на лева града. Во октомври пак бев на ехо и кажав дека сум бремена, ми рече докторката дека сега градата ми е цела со цисти но дека било така заради бременоста. Ми рече дека со доењето се ќе се среди. 6 месеци одкако ќе се породам треба да направам контрола. Бодежите сум 99% сигурна дека ти се од млечните канали во моментов што ти се активираат. Мене ова ми е второ бебе и веќе имам доено, па бодежите ги имав само на почетокот (како остра игла секундарно ама болно). Одиш ли на ехо редовно?
Не сум сигурна ама мислам дека ми падна чепот според описот што го читав на интернет. А и ми почнаа болки на секои 20тина минути како затегања на цел стомак ама болни (не премногу, издржливи сеуште) кои траат некои 20-30 секунди. До кога да седам дома т.е кога е момент да појдам на доктор? Само што влегов во 40та недела, бебе си мрда уредно.
Си реков да не паничам случајно непотребно а и да не ми речат си дошла а уште е рано Ги пратам контракциите уште нерегуларни ми се, се зголемува интервалот на 30-40, па пак се враќа на 20. Ама дефинитивно ако продолжат цела вечер ќе мора да појдам, вака секако цела вечер нема да спијам.