Јас отидов кога болките ми беа на 10 минути. Ама така мислам и ми почнаа не памтам дека сум имала болки на 20 минути. Одма отидов ми беше страв да чекам.
Мене ме вратија од ГАК со болки на 10 минути не бев отворена. Се породив после 3 дена. 3 дена имав болки на 10 минути тек со провокација ми станаа на помал интервал. Оди си на лекар не се замарај што ќе кажат тоа им е работа на нив. Јас идев неколку пати од страв и баш ми беше гајле.
Сега планирам да закажам и да се консултирам. А бодежите од млечните канали зарем не треба да се на двете гради? Кај мене се јавува само на едната. И да бодеж кој кратко секундарно трае, па по некое време повторно
Кај мене од 20, на 0 дојдоа многу брзо. На 4 прста отворена имав болки слаби на саат. Со лесно, ако не си уште породена
Мајки со второ, кога почнавте да се спремате? 27н сум, имам тодлер, еден тон работа и секој ден сум уморна. си правам притисок дека треба алиштата да ги исперам,средам, плкарите треба да ги поделам и едноставно целата гардероба (нова и стара) да се препере и преброи и нормално детската соба да се адаптира за двајца. Жими се повеќе во фрка сум сега него тазе мајка кога требаше да бидам
Во деветти месец влегувам, тек сега ќе почнам. Ама бев болна, па малото настина, ишијас ме фати од претходна повреда, така да немав многу шанса да шетам, но белким деновиве конечно ќе почнам.
Јас сум 33+4 та недела, купив основни работи за бебето плус нешто што имав дома од ќерка исправ бањарки, подлоги,пелени некои алишта но бидејќи сега е машко купив неколку комплети. Фалат уште работи но се си викам рано е има време ќе средам... Но некако повеќе паника ме фаќа кога помислувам на самото породување. Дали купувате млеко за првите денови за секој случај додека почне да се дои ако не дојде млеко одма и од кое?
Со првото купив Аптамил, со ова може ќе земам адаптирано козјо млеко на Holle за секој случај. Само не земај на Nestle бидејќи сега имаше вест дека се повлекува серија на нивно млеко од продажба поради штетни состојки.
Во болница ли во бараат или така носите вие ? Кај нас не бараат од таму ги хранат евентуално за дома ако треба
Јас сум 30та и викендов со мајка ми ги прегледавме шпикозните од првото (исфлекани се 90% ), а нарачав и некои работи - кебенце, пешкир за бањање, еден фиокар со 4 фиоки пошо неам кај да ставам работи и неколку шпикозни. Ама добро, јас сум со ризик од предвремено раѓање, затоа уште сега се активирав. Не си праи стрес, се ќе стигнеш, 27ма мислам дека е и прилично рано за спремање и паника
Јас сум 34та и некој ден и се уште ништо неам спремено , а и јас сум со ризик од предвремено пораѓање. Работите од првото исто 80% или исфлекани или ептен за машко (сега е девојче ). Мајка ми има купувано нешто за бебо ама тррба да видам што ќе ми треба првите денови, дали има воопшто нешто и да пуштам да се испере. (Ќе средеше се таа ама не живее тука).
Ее 34-та Катче патче па ти си ептен шизик на ризик се шалам Јас ќе пробам да ги извадам флеките со средство од DM, ако не излезе ништо тогаш првите денови ќе си носи флека во додека се опоравам, па здравје боже понатака, ќе му докупам што треба.
Ако се жолтите флеки од првите денови на бебето тешко дека ќе излезе пробавме со мајка ми летото се живо и не се тргнаа и ги исфрлив џабе ќе ги чувам така. Затоа најдобро првите 10тина дена нон стоп да имаат лигавче, тие жолтите флеки не излагаат. Ептен шизик на ризик, се обидувам да лежам што повеќе за да истерам што повеќе (ама од првото кое има 2г5м тешко оди.). Дај боже и ти да можеш што повеќе да истераш барем ако ништо да влезеш во 36та недела, мене така ми викаа. Инаку ако смеам да прашам царски или природно ќе бидеш?
Мамички и идни мамички, дојде денот и јас си го гушнав моето бебе Ви благодарам на сите за секој совет и добронамерен коментар што го споделивте со мене