Ova veke i na panicen napad lici, skroooooz te sfakam zosto se minam isto, bez mm ne izleguvam za zal
Треба да ти е од 30-40 мм такада намалено е. Не би тргнала никаде без второ мислење затоа што има граница до која недела би стаиле серклаж или ако решат да не ти праат барем треба да бидеш на мирување со прогестерон ски вагиналети. Не сум доктор, ама паталец..
Бев сабајле на второ мислење за втор скрининг кај Димчев и ми го измери 31,32 и ми рече дека е супер. Не ми спомна ни мирување ни лежење, така да малку ме опушти. Секако за 2 недели пак сум на контрола така да ќе видиме и тогаш како е. Фала ви девојки
Девојки еве ме мене конечно малку стабилизирана од сите емоции од претходните два дена. Кога ќе имам време ќе пишам и во породилни приказни, само сакав овде на кратко да ви кажам дека пораѓајот помина во најдобар ред и дека болките за коишто не бев сигурна дали се породилни или не, всушност биле, бидејќи кога стигнав во болница на полноќ кога се пожалив на форумов веќе бев 3цм отворена, а до сабајлето веќе стигнав до 10цм. Бебуш се роди природно со неколку напони и за мене лично контраккциите беа поболни отколку самите напони непосредно пред раѓањето. Лекција од ова ми е дека секоја болка може да биде алармантна или сигнал дека породувањето се наближува така што не чекајте секогаш до крај за да се јавите на доктор и не ги барајте правите симптоми бидејќи секој организам е индивидуален.
Мајки здраво, Имам детенце неполни 2 години. Несакам да одам на работа немам со кој да ја оставам, несакам ни да дадам отказ. Ве молам за совет во врска со боледување.
Па освен боледување за тебе да вадиш и од специјалисти, друго можеш и за дете да вадиш. Тие се боледувањата. И неплатено да земеш.
Не може валда до недоглед на боледување... може недела две @IvIv големо е детенцето што ќе му правиш дома? Мислам дека можеби само те фаќа паника, ама кога ќе се вратиш мазад во real life друго ќе ти биде.
Здраво девојки дали некоја друга е болна со грипов? Моментано сум 37ма недела и психички ме уништи. Многу се плашам сега да не му се наштети на бебето на крајот.. Дали пиете парацетамол? Цела бременост се чував да не пијам и сега на крајот.. ама темпертура 38.5 не можев да издржам. Имам и кашлица од која ме болат ребрата, мускули ме болат, кожа ме боли. На вечер посекако ме болеа колковите нонстоп се вртев сега секое вртење се закашлувам, на 1 сат се будам. Терапија ми дадоа ама некако психички ми е тешко, кај крај на бременост уште ова ми фалеше... Па уште си викам да не се породам предвреме да треба да носам маска со бебето...закажана сум на царски од медицински причини за 2 недели и ми е страв да не не издржам заради цел овој стрес.
Маска ако носиш е за безбедност на бебето, не треба тоа да те секира. Парацетамол можеш да пиеш во согласност со гинекологот. Имаш време таман да се опоравиш не се секирај ќе бидеш добро. Можам да замислам коллу ти е напорно ама ајде издржи за два три дена ќе си добра.
Нема врска, пиј парацетамол, електролити, јади овошје, супа. И јас бев претходната недела болна, едвај помина некако, ама без парацетамолот мислам немаше шанси да преживеам