Nishto vo bremenost ne e zadozitelno zakonski, sigurno ima seushte zeni shto ne pravat nitu eden pregled. Toa ne znachi deka taka treba. Jas bi rekla ako ne neshto drugo barem PRISCA da se napravi na drzavno.. Nitu eden ne e 100% tochen oti sepak i priska i nifti se neinvazivni testovi, ako ne daj Boze izleze na niv nekoj somnitelen rezultat mora da se napravi amniocenteza.
Со приската (ехото) матичната мери носна коска, NT-течност кај вратoт, се проверуваат срцето, ножиња , рачиња, плодова вода и плацента и резултатот од ехото го комбинираат со double test од крвта што од него се гледаат овие параметри PAPP-A и free β-hCG и со тој тест се кажува дали сум во низок ,среден или висок ризик и според овие две ти кажуваат дали има потреба од тој пренатален тест т.е NIPT.
Aко си во Битола еве јас од лично искуство за сега сум бремена за трето.Се правам в Болница нема разлика,брисеви,приски,крвна слика,д димери се.Разликата е што не плаќам. Приватно е прескапо.,а истите испитувања се.
Ова што го прави Матичната е истото на Болница идентично и е бесплатно,а кај Матичната се плаќа со сигурност.
Матичната и мене ми даде две опции дали приската да ја правам кај неа или јас каде што ќе си изберам ама мене прашајнето ми беше дали е подобро тој прв скрининг е подобро да го правам некаде кај специјалист за скрининзи пример во Плодност Битола или да си го правам кај мојата матична бидејќи и таа прави сккринизи штом ми да даде опција.
Да, точно дека се тие анализите на приска. Разликата е што PRISCA пресметува ризик за 2 синдроми: down синдром i edwards синдром. NIPT во зависност од лабораторијата испитува многу повеќе генетски болести бидејќи ја анализира днк на бебето. Најдобро е да се зборне со гинеколог на кој му верувате за да ве советува, бидејќи nifti после prisca е корисен само за тие два синдроми(кои се всушност и најчести). Другото не е опфатено. Детално да се зборне со матичен за личен ризик, возраст, фамилијарна историја итн.
Специјалисти за Скрининзи не постојат. Тоа е истиот Др.Гин.или Док. Специјално само скрининг да прави некој не постои во Плодност сите прават.
Да, и во болница и сегде нема разлика, тоа е до гинекологот, ако е спремен за ехо ќе е спремен и за скрининг. Битно е да е трпелив и детален не колку ќе го платиш. Е сега за втор скрининг(скринингот за телесни аномалии) има поедуцирани гинеколози ама не во Битола, јас што знам е за Димчев во Скопје, знам дека има нешто дозавршено за тоа.
Многу си грешка Има гинеколози специјализирани за скрининзи Неможе Димчев и матичната да ги рамниш 3ца се во мк специјализирани за фетални скрининзи Димчев Адамова и Котларова мислам последно е Инаку да сите гинелолози можат да гледат на ехо и да прават скрининзи ама дали сите ке видат ако нешто не е ок Еве Затоа не оставајте ништо на случајност Пренатален тест и скрининг кај др специјализиран за тоа оти пречести се деформитетите
Девојки сега на кивање ми протече ко да се подмочав , дали е можно да истечува од плодовата вода пошто овие два дена и чепот ко да ми паѓа ?инаку утре сабајле сум на контрола , само нз паника ме фати некако
Колку пати се имам подмочано од кивање… Ама утре си на контрола, ќе видат. Ако фатат болки, одиш во болница. Смирено само.
Искусен доктор и заинтересирам добро да ја завр Одлично арно што ми кажа не знаев.Сега тој што има пари брзо таму оти овие не се ок што немаат сертификати.
И да има и да нема сертификат, секогаш ќе препорачам второ мислење. Јас сум паталец шо матичниот во првата бременост не ми виде аномалија на прв скрининг туку на втор, а во втората и третава бременост докторите ми потврдија дека истата се гледа уште на прв скрининг. Така да секогаш е подобро две мислења за сопствен раат.
Ја зборувам оти сум паталец И мене стар искусен др ме водеше па родив бебе со аномалија А вие како сакате така терајте
Знач во никој случај не ги потценив докторите или некоја од труднициве жената колку што разбрав сака да си направи Приска и Брисеви во 12 нед.е тоа што некој од матичните не и кажал дека може и на државно .Сигурно ако не е во ред Приската ќе си побара и друго мислење значи никој не може на сила овде да тера некој да оди ваму таму ние споделуваме искуства.
Јас сум секогаш за тоа скриниг да се прави кај специјалист за тоа. Не е исто матичен и доктор кој што има обуки и обуки поминато за тоа. Што е до приската, јас не би ја правела со второ. Приската е само статистика според мене. Многу поважни се мерките од носот, нухалната вредност. Второ ако имам би правела пак пренатален, колку и да е скап сметам дека ништо не е повредно од мојот мир, здраво бебе и од тоа да сум сигурна дека се е океј. Значи, скрининг кај добар доктор обавезно.. Пренатален кој е во можност од срце препорачувам.
Јас цел девети се подмочував од кивање Многу пати мислев дека е водењакот ама на крај они ми го пукаа. За да бидам сигурна дека не е, ќе облечеш на пример сив долен веш и ќе легнеш, ако продолжи да тече вода тогаш е можно да е водењакот. Ама во мирување ова ни кивање ни ништо.