Ѕвони му и консултирај се, не оти е нешто штетно направено, туку ти да си олесниш на душата. Ќе те упати што и како.
нормално е во бременост низок притисок. многу ти се снижил и затоа си се онесвестила. мислам дека е лошо да е висок. На бебето не би требало да му е ништо тоа си е заштитено. Ама сепак посети си лекар да бидеш мирна. Пиј вода повеќе солено нешто за да ти се качи притисокот и кока кола ако пиеш напи се една чаша. Само смирено и позитвно. Тука сме јас и ти јас сум утре 18 полна.
Неколку часа веќе имам страшни болки долу ниско кај срамната коска не можам чекор да направам.. Сабајле бев на преглед ама тогаш ништо не ми беше. Што да правам да пијам нешто за болка или да одам во болница? Инаку ми закажаа царски за четврток
при крај ако си нормални се тие болки у срамна коска јас со третово многу ме болеше доле како удрено местото мислам ми беше. со третата бременост највеќе .мислев дека ќе испаднеше бебето во секој момент. а очекувам и со четвртово да ме боли. Со лесно нека ти е ќе се излесниш уште малку и како нова после ништо нема да боли
Д-димерите ми се малку покачени ама матичната ми кажа дека било нормално а за модрите нозе ми кажа обавезно да го прашам гинекологот...а гинекологот ми кажа зошто сум испитувала хемостаза и ддимери..ко му ги покажав нозете вика абе ај не се занесувајте. а ако беше нешто сериозно па ќе викаа оти не си кажала...
Баш ми е мило дека се добри, а ти слободно “занесувај се” ако видиш некоја промена и консултирај се со некој што знае да ти даде логично објаснување. Ти важно мирно спиј си сега
Нека те прати гинекологот на трансфузиологија да те види специјалист нека не објаснува многу. Јас идев секој месец за минимални покачувања.
Е тоа е проблемот шо не знам каде да одам.. Матичната не знае од шо е, гинекологот не го интересира..
Пред да останам бремена бев цела со модрици по нозеве, од тука до тука ќе излезеше некоја нова. Барав нон стоп чаре, се беше во ред со резз и на доплер на вени ми дадоа одговор дека имам “кревки” капилари и дека сум склона на стварање модрици и при најмал удар. Денеска резз беа тродупло покачени но времињата добри и трансфузиологот што ме води рече дека е нормално за 9 ти месец, а и секако примам терапија поради мутации. На прашањето без да знае претходна историја зошто сум како шарена го добив истиот одговор, дека имам тенки капилари. Веројатно и кај тебе е истата работа, но јас би те советувала сепак да си се консултираш со трансфузиолог, можеби има и др параметри што може да ги испитате а можеби и тоа е тоа, тенки капилари, вени што и да се.
Да мене ми беше 29 мм во 21ва недела и до 26та дојде до 13мм и покрај лежење и терапии. И мене тогаш ми викаа еее ништо нема, ама мислам дека треба уште едно мислење. Брисеви или добро ехо да се види дане има слаѓ. Да си на терапија и мирување со време. Јас се породив 31+5.
Ќе видам со матичната во понеделник да ми даде упат. Ама мене не ми се како модринки туку или цели нозе од страните од горе до доле ми помодруваат или од колената до доле над глуждот..шо вика сестра ми како исунчани ти се..Бојата се менува прво модра па црвена па малку избледува баш чудно.
Тогаш ти се како моите И јас сум шарена како исунчана сега повеќе во надколеницата, јас и тука ги аплицирам клексаните цела бременост. Како и да е види консултирај се
Да де затоа плачат дека ги тепале. Па каков е тој игнорантен однос. Нека те прати на сите испитувања што го кошта. Дури и да е ништо барем сите ќе сте мирни. А ако не дај Боже настане компликација некоја кој ќе биде крив? Да не чува Господ сите зошто докториве се станати без чувства.
Само да не стигнеш до болница..Ако немаш некој свој не те погледнуваат. После секако пациентите се криви не дошле на време.