Незнам дали сте ги виделе на фб овие виталните noro trakice, татко ми нарачал вика добри се има ефект, незнам дали се безбедни за трудници навечер неможам да спијам од затнат нос веќе и спреј не ми помага некоја случајно да не ги има користено
Имаш на тему исти за џабе пари. А за безбедни сигурно, составот е фластер со жичка како на маските што има
Јас го исправ во машина на 30 степени а го сушев на сонце, и не ми се распадна добро е, бидејќи се секирав да не се распадне ако го исперам.
Пуштај на you tube не ти треба апаратче. Инсталирај brave таму нема реклами. Мојава сериозно спие со аспиратор малку сме полудени со мажот ама тоа е
На ова јас што го имам не се вади навлаката или јас не знам да ја извадам. Затоа се мислев цело да го ставам во машина.
Јас имав однесено подарок пред неколку години од тие Шумиши (мислам така се викаа). Ми кажаа ептен им се нашло.
28ма недела терам, деновиве почна непријатна болка на лева страна доле(мислам дека е кај јајникот). детево е толку темпераментно, не стивнува, на прегледи сѐ е супер, но сепак имам уште две недели до трет скрининг. Друго сѐ е топ. ама ете ми е непријатно и многу побрзо се заморувам и имам зголемена потреба да лежам. Да напоменам имам 2,5 тодлер што уште на лустер не се качил
Некој совет за кашлица, што да пијам како да си помогнам. Од утрово почнав ме гребе грлото и суво кашлање но она со напор, стомакот ме боли и стега кога кашлам. Некој вирус закачивме ,сопругот е со кашлање и температура а очигледно и мене истото ќе ме фаќа... 34+4
Чај од ловоров лист ( прашај пак за сигурно дали смее да се пие во бременост) Или евентуално млеко од магарица,јас пиев во првата бременост кога имав страшна кашлица само тоа ми помогна,за некој ден помина.Има продаваат онлине и праќаат по карго,ќе најдеш од фб ако не пиши приватна порака ќе ти пишам број.Со лесно!
Здраво девојки, јас сум 11+2 недела, ме интересира дали е нормално после јадење веднаш после половина час повторно да сум гладна. Ме фаќа паника зошто до сега ова ми се нема случено, а денеска се убив од јадење и периодично ме фаќаат мачнини. На преглед сум здравје нареден понеделник, и од време на време знае да се појави како грч кој поминува за кратко. Воедно во исчекување сум на резултати од пренатален тоа мислам дека ми е дополнителен стрес. И сакав да прашам бидејќи примам клексани, трансфузиологот ми го препиша Идеос таблети преку еден ден а на нив пишува дека не се препорачуваат во бременост - Ваше мислење?