Здраво Утре ми е прв преглед кај гинеколог, според апп сум 4+5, втора бременост. Ептен сум анксиозна за утре, деновиве имам киселини навечер ама не се прејаки, се регулираат, деновиве имам и болки ама само кога ке станам од стол/седиште. Ко убод од нож, толку е интензивна болката, ама само кога ке станам, ме пресекува доле. Ис ит нормал?
Упат за трансфузиологија, модри нозе мора да види специјалист. Нека не се занесуваат матичниве убаво знаат кај да те испратат како од џеб да ги даваат упативе уф колку ме нервираат. Биди упорна земи упат не е шала
Девојки уште од 20 недела почнав во нозеве да отекувам, не ли е рано? Обично сум слушала во последно тримесечје ама ај реков да не паничам може и нормално е… па да ве прашам од ваше лично искуство? Инаку работава ми е со седење можеби и од тоа е…. За 3 дена сум секако на втор скрининг па ќе си зборам и со докторката.
Здраво мајки, дали некоја мајка се соочува со истото. 26та недела бебето знае толку силно да клоцне ниско што мислам дека ме гребе на мочен меур, кај анус. Од синоќа кпга ме клоцна така сега имам како потреба за почесто мокрење. Нормално ли е вака
Демек не е ниско поставен, мрда и високо во последно време,ама карлично е поставено...Дали тоа има врска
Како ќе одминува бременоста плодот секако ќе расте па како и јас ќе го чуствуваш и горе и доле За карлично не би знаела симптоми да ти кажам, сепак ќе се консултираш со докторот.
Штом сеуште е карлично поставено затоа така чувствуваш. Исто и јас многу осеќав удари доле ниско и нон стоп си бев во вц. Откако ќе се сврти ќе приметиш повеќе притискање со главчето а ударите се горе под ребрата.
Не се сеќавам точно кога ама 6-7ми месец, додека бев на работа, ме имаше клоцнато во мочниот меур, мислев ќе се помочам. Така да верувам нормално е. После како ќе се врти, ќе мава во ребра.
Мене кај папокот кога ќе ме клоцне или скроз ќе го истегне ноџето и ќе ми ја оптегне кожата, тоа знае да боли
33 недела сабајлево се разбудив со нагони за повраќање во два наврати и повратив малце. Денес цел ден така ме боли желудник,имам мака.. Може и од бебе што притиска да боли така? Со главче надолу е наместено.
Здраво девојчиња, едно лаичко прашање. 34 недела сум, претходната недела мерев прв пат притисок, 105 големиот со 52 малиот ми беше. Да не е многу низок? Како треба да биде?
мене ми е 80/50 , 90/60 Пиј течности, сол, не станувај нагло Како и да е , многу подобро низок од висок
Дали мериш притисок, да не ти е случајно висок? Кажи на докторката, подобро да се биде претпазлив и внимателен, затоа што некогаш може да станува збор за прееклампсија. Може да се направи испитување преку крв за да се провери. Исто и протеини во урина може да асоцираат на тоа. Не сакам да те испаничам, се надевам нема да е тоа, дека се нормални отоците, ама да ти е мирна главата - проверете, инсистирај да направите испитувања.
За терапијата не можам да коментирам, само за јадењето да споделам дека таков исконски глад како во прв триместар што имав, не знаев дека може да постои. Јадев на секој саат и се тресев ако не ставев нешто во уста. )) Навечер се будев и си имав грицки и вода до мене, као гранола или нешто слично колку да ме засити. Ама сите овие симптоми поминуваат во втор триместар, само што ќе влезеш во него ќе осетиш олеснување.
Идни мами, ние преминуваме на пелени број 3 на само 1.5 месец и ми остана голема залиха па можеби некоја ќе си заштеди. Продавам две големи пакувања слипи 2 ка 3-6кг и подарок околу 30 пелени mammia и крема бекутан нова неотворена за вкупно 1000 денари.
Здраво, Сакам да Ве прашам дали Д-р Глигор Тофовски од ГАК води бремености во смисла да се оди кај него на контроли сл.? Он да ми биде матичен