Матичен неможе да ти е. А да те следи , ако сака може. Јас си имав докторка на Гак што ме следеше , исто како и матичен гинеколог.
Јас кога одев секој ден на ГАК , имаше лист залепено на влезна врата кој доктор каде и кога е . Ако му на некој твој близок успат нека ти провери дали сеуште е залепено тоа инфо таму.
Д-р Глигор Тофовски е раководител на оддел за репродуктивна хирургија и хумана репродукција, акушерство не му е примарна дејност, ама ако сака, може да те прими на контрола. Јас сум идела, ама јас сум со претходна историја кај него. Ако нема измени во распоред, вторник сабајле беше во амб.34, а среда сабајле во амб.за асистирана репродукција.
Давајте некој совет за вирусов. Ноќеска едвај поминав неможам да спијам никако, кашлам, носот почна да ми тече само водичка на моменти ,главата боли, пече грло, цела ноќ и од утрово како треска да ме тресе и се ми е ладно, температура мерев немам 37, се живо ме боли неможам да мрдам. Пијам камилица чај, кромид и мед, парацетамол... Стомакот ме боли целосно и ниско и од страните и горе над папок, дали од напрегање од кашлицата уффф
Епа тоа што го користиш и тоа е немаме многу избор освен до матичен да идеш мош ке ти даде нешто дополнително
Дали имате инфо Пранаром таблети за грло дали се дозволени во бременост? Многу ми помагаат тие и ептен ме боли грлото. Од оние што се лижат?
Тофовски е на 3 кат во одделот за неплодност и ин витро. Јас идев кај него за неплодност. Доаѓа секој ден после 9. Е сега упат ќе ти треба од матичен гинеколог за да те прими.
Можеш да ги земеш и пастилите од исландски лишај на др. Мулер, дозволени се во бременост и детски прополис за грло, прегорен шекер..
Да пропржиш пченкарно брашно во сува тава или на малку масло со лажичка две оцет и да го ставиш во долг чорап и врзи го околу врат. Ако ти е многу топло замотај го во тенка крпа па врзи го. Се сеќавам како мали така ни правеше мајка ми за температура и за грло.
Дали добивате некогаш интензивни болки во гради, како за доење? Мислам дека колострум имам секој ден по малку засушен на брадавици, болката не е силна ама е едно интензивно непријатно чувство и трае секунда…
Јас спрејот го имав и кога останав бремена на прва болка во грло реков да земам од него, ама гинекологот ми рече дека не е безбеден во бременост. Исла пастили земи или имаше едни во Зегин ги земав јас со прополис, и тие се дозволени.