Дозволени се ама не помагаат. Буквално како ништо да не си земала. Технчки тоа е витамин Б5, не знам ни зошто го даваат за воспалено грло. За овие мислев јас
Дали е нормално толку многу потење, синоќе се разбудив бев како бањана, лето на +40 не сум се толку потела
Мене цела бременост ми е жешко. Посебно кога спијам. Исто ми се случува и мене, некогаш пижамите ми се водени.
Женички, имам проблем со наоѓање нов термин за скрининг во втор триместер, дали некој знае дали се пуштени нови термини или мене мојот гинеколог ме матка за да ми прави она скрининг. Јас сум скоро 18та недела бремена, па ме интересира дали некој има инфо за ова. Ве молам за инфо затоа што веќе 1 недела ако не и повеќе гинекологот вели нема слободни термини.
Нема слободни термини моментално ни на Клиника, ни во Чаир за скрининг.. Кога ги пуштаат многу брзо се пополнуваат. Едино да гледаш ако се откаже/ослободи некој на Мој термин, па одма матичниот да ти закаже. П.С. Ова важи за февруарски термини, тебе мислам ќе ти одговара и почеток на март. Тие термини не се пуштени уште.
Овој месец ненам направено преглед воошто затоа и прашував, мнгоу се нервирам затоа што мислам дека докторката не ни прегледува дали има термин, туку само ме откачува колку да прифатам кај неа да платам на приватно иако ми е матичен гинеколог
Ретко кој матичен би се замарал да проверува постојано дали се ослободил термин, најсигурно ти е сама да си проверуваш и да не зависиш од матичната (освен кога ќе видиш, одма да и јавиш да ти закаже). Нормално им одговара да правиш кај нив и да ти наплатат. Еве подолу се линкови со термините: Чаир https://mojtermin.mk/map/specijalis...ic=jzu_sb_po_ginekologija_i_akusherstvo_chair Клиника https://mojtermin.mk/map/specijalis...inekologija_i_akusherstvo&resource=3204834170