Нема врска до 10та недела дека се прави. 10та е најрано, најкасно до 21ва има уште време членката да си направи. И не е точно дека е за над 35 и инвитро ...
Не е толку страшно, ама ако сакаш под контрола да го држиш можеш да пробаш да намалиш јаглени хидрати (освен што ќе намалиш и шеќери) особено преработени.
Менував по две до три блузи навечер, страшно нешто. А спиев по гаќи и блуза само. Март месец беше ладно а јас препотена.
Може ли инфо од некој што е породен а цела бременост примал клексан, после пораѓај уште колку време се продолжува со боцкање? (ова претпоставувам ќе зависи и од начинот на породување природен или царски)
Јас се породив природно и не примав веќе клексан откако се породив. Се боцкав од прв ден бременост. Тоа секако ќе ти каже доктор дали треба или не.
Не заради начинот јас примав заради тоа што сум склона на пукање на крвни капилари така излезе на генетските испитувања.
Ве молам за мислење, 27ма недела, ми се стега сромакот, не е болно, ама непријатно и како ќе легнам натаму се испапчува стомакот. Легнав на лево, се стегна, се испапчил натаму. Некако се плашам што се случува? Трае по неколку секумди да речам
Лажни контракции. Смени положба во моментот и пиј вода. Нормални се ако не се болни и не се на интервали.
Многу слабо пијам, денеска дали 1 чаша се имам напиено, мислам дека се смири чувството, се напив магнезиум. Фала ти
Феминки извинете што тука објавувам но по активна е групава. Дали имате искуство со правени вагиналети со антибиотик еритромицин во аптека Ефедра?
Стрии ми се појавија за прв пат во 38ма скроз доле на стомак.... се шлапам цела бременост со лосион, масло, маслена купка Претпоставувам не се губат нели?
Јас правев пред 2 години таму со клиндамицин. Во шприцеви ги подготвуваат и така ги аплицирав вагинално.
Откако почнав да го мерам шеќерот пред две недели ми дадоа и траки за да пратам кетони во урина. Денес прв пат заприметив дека се покачени,ама ептен малку +/-. Сте имале покачени кетони во урина? Термин со доктор имам дури во вторник па си викам да чекам до тогаш,освен ако не се покачат многу па да одам порано.