@pravnicka_2604 @Harper Ќе видам што ќе каже утре докторот. Последниот преглед рече дека постелката почнала да зрее имала калцификати. Но мене друго ме мачи од вчера попладне . Почнав бебето послабо да го осеќам дека се движи, ноќеска цело време се будам и упорно спијам на грб ,таман ќе се наместам на некоја страна ќе ставам и перници демек да не се вртам и џабе... од утрово како станав мислам дека ич не го сетив а знаеше да се истегнува испапчува а сега стомакот некако мек и го нема....
Оди на клиника одма не чекај до утре. Не се мачи со претпоставки. Неколку пати имам пишано во групава на ГАК ме запамтија сите редовно им одев. Имав намалена плодова вода и од страв кога немаше да ја осеќам дека мрда одма идев. Фала богу се беше во ред и истерав 40+ недели. Ама идев и ич не ми беше гајле најважно ми беше бебе да е добро и јас да сум мирна.
Оди на преглед. Напиј се кока кола би требало да се размрда. Ама секако оди на Гак ако си од Скопје. Ќе те примат
И јас би ти рекла да отидеш на преглед, да не чекаш, ама касни благо, напиј се кока кола и легни на грб, би требало да се размрда. Јас се испаничив така пред некој ден и уствари излезе дека се успало. Пиши после што си направила.