Јас се фарбам од почеток и за другите 2 деца се фарбав со фарба. Без Амоњак не ми фаќа брзо ми паѓа. Ама кај секоја жена различно.
Јас се исфарбав со кна. На маж ми му беше страв, заради него, иначе ќе се исфарбав со обична фарба што е до мене.
6.3 вредност на гладно веќе спаѓа во критериуми за гестациски дијабетес и во ваков случај не е потребен ОГГТ тест, бидејќи дијагнозата може да се постави врз основа на вредноста на гладно. Можеш уште еднаш да провериш гликоза на гладно и консултирај ендокринолог.
Јас цела бременост се фарбав со нормална фарба со амонијак бидејќи немав опција за без амонијак заради белите влакна. Фарбата кратко стои на главата, нема време кога да продре подлабоко за да му наштети на плодот. Побитно е да гледаш да се заштитиш од гасовите што ги испуштаат фарбите и другите препарати во салонот, т.е просторијата кадешто ќе седиш да биде проветрена.
@young.wild.free ако ти е шубе со обична фарба, земи ја ревлонот (погоре што ја објавија), иако е без амонијак покрива седи, проверено
Идни мами, подарувам неколку пара труднички панталони М и Л величина. Превземање од Скопје Ѓорче - со мало бебе сум немам друга опција
Тука сте поактивни па да прашам дали знаете дали месецов извадија термини за кај Јани на трансфузиологија?
Ај ке пишам овде бидејќи е најактивна. Пред точно една недела пиев антибиотик зинат заради ешархија коли таман едно средив од денеска повторно со антибиотик исто зинат заради шо имам спуштено на плуќа мал дел и кашлам ненормално и сега некако шубе ми е да го пијам пишано му е на матичната гинеколог уште одговор не ми имат вратено дали да почнам да ги пијам повторно.Мислење?
Има ли некој со контракции од 35та недела, на цтг ги дава дека се болки реални, грло затворено, папочна околу врат ама ми рекоа не било за паника. Рано ми е за пораѓај, ама јаки ми се болкиве, плус менструални ме фаќаат, стврднувања на стомак итн. Не знам што да мислам и како да калкулирам кога пак да одам на цтг. Еве сабајле бев не даваше болки, ми рекоа стандард за 7 дена да одам. Некој слично искуство? Не знам царски дали да очекувам ради папочната... и паника ме фаќа да не се случи нешто, сега сум дома ама не знам дали да си одам на работа бар уште недела-две. Ништо не ми кажаа докторките дали да одмарам или да терам нормално
Исто ми беше крај на 6ти почеток на 7ми месец, ништо не ми помагаше пиев навечер само магнезиум, сега немам болки ми траеа околу 3 недели па исчезнаа
Моето беше со папочна околу врат, природно се породив. Се најнормално правев до крај, во 38+2 се породив. Но болки немав. Ако ти се јаки болките можеби да мируваш овие недела две, колку да влезиш во термин. И ако имаш болки, оди пак, не чекај 7 дена, јас не би чекала.