Здраво би сакала да ги прашам тие што се породиле со царски ама не со целосна анестезија, туку со спинална анестезија. Ме интересира дали има некој до вас дали е тоа медицинска сестра или било кој додека сте будни за да ви зборува или пак не. Јас сум навистина исплашена од тој момент.
Ќе имаш анестезиолог до тебе. Се породив природно. Кога сум била оперирана или сега на серклажот имав анестезиолог до мене што ми правеше муабет. Верувам дека е така и на царски. Со лесно мама
Фала ти многу на одговорот, здравје боже ќе имам втор царски (првиот беше со целисна бидејќи беше итен имаше компликации), а здравје сеа б вториот ми спомнаа дека ќе е со спинална што ме плаши моментот дека ќе бидам будна и се ќе слушам
Не слушаш ништо што зборат докторите и сестрите. Анестезиологот е постојано над тебе, ти збори, ти кажува што ќе чувствуваш, те прашува дали си добра... не си сама воопшто не се плаши. Ова ми е искуството од Чаир.
За првото бев со спинална Анастезиологот многу ми помагаше со разговор и што следи.убаво е.За Второто целосна анастезија зашто спиналната не фати.Ама побрзо станав и полесно.
Без грижи, ова треба најмалку да те загрижува и воопшто не е страшно што ќе си будна, тие си зборуваат меѓу себе ама за ништо што би можело да те исплаши. Потоа ќе ти биде најубав момент затоа што ќе го чуеш првиот плач на твоето бебче и ако е сѐ во ред, ќе ти направат и сликичка која верувам ќе ти биде една од омилените. Со среќа и лесно мајка
Фала ти многу мајка, се плашам премногу бидејќи цела бременост ја поминувам во страв. 3пати искрварев, со болки, сите можни вируси и грипови ги фатив, еден куп антибиотици мораше да пијам, со болки итн. Затоа е и самиот страв
Мајки користам витамини на Солгар. Дали мислите дека се најдобри од другите со оглед на цената дека се скапи или само е маркетинг ?
Јас немам проверено димери, проверив во 16та недела ниски ми беа а боцкам од прв ден 0.40 превентивно и аспирин пијам преку еден ден. Ми рекоа нема потреба пак да проверам ама сепак со следната крвна слика ќе проверам уште еднаш, сега сум 33недела+4дена и не се знае кога ќе раѓам..
Побарај и провери,како напредува бременоста може да се сменат а и немора да значи ама ништо не губиш да провериш, јас све барав сама... кај мене константно растеа. Ради мутациите идев редовно на трансфузиологија. Од 16та до крај мн прати ми се сменијаа и ми зголемија терапија на 2* 0. 40 клексан примав.
За трудници треба да е под 5.1ммол/л. Некаде дозволуваат и до 5.3. Сѐ што е над тоа треба да се внимава со храна затоа што може да ти донесе гестациски дијабет, а нетретиран гестациски дијабет кулминира постпородилно со дијабет 2. Не прашувај како знам намали на јаглехидрати (бело брашно и тестенини, овошје јади ама контролирано и избегнувај секакво благо) и ќе бидеш ок. Немој да ја направиш истата грешка ко мене