Не ве вадам од памет таман работа. Членката праша, јас и одговорив. Кога сакаш почни со купување, не е грешка. Само што ако оставиш во последен момент или подоцна, нема да знаеш главата каде ти е, дека верувај не се малку работи. Јас се водев по тоа да си завршам порано дека ете паничар сум и не сакам да ми е ништо во последен момент. Така правам за сѐ па и кога се спремав за бебуш.
Јас купував од 7 месец натака. Дел од работите ми се купени на попуст и порано. Си бев лабава не се брзав викав има време ама во 8 месец ми излезе компликација и морав да лежам и не можев да одам по продавници, ќе пукнев од мака. Среќа па се има он лајн па се збудалев од нарачување така или гледав на интернет па праќав маж, мајка, сестра да одат да го купат. Јас поголемиот дел од работите ги добив од сестра ми и братучедите. Не купувај се што ќе видиш и чуеш не знаеш што ќе сака бебето. А верувај дека многу работи нема да ги сака. Јас најмногу користам тетра пелени буквално за се за постилање за да ја легнам, за покривање, за бришење, за преоблекување за се имам 40 и мислам дека ми се малку. Бодиња е многу важно да имаш во разни големини страшно брзо ги израснуваат и 2 бањарки За мекици ако правите ако те прашуваат што да ти донесат само памперс и влажни марамици не ми се верува колку брзо се трошат. Од креветче јас сега со овој памет и со ова искуство за бебе би купила од оние што се нишаат пошто мојава ѕверка спие така ама во количка. Во креветче ако почне да кенка морам во раце, а во количка ако почне така занишај ја и нема гајле продолжува. Како и да е секако нешто ќе ти фали или ќе ти биде вишок не се замарај и уживај во купувањето. Јас тоа зјапање по страни и прашување и нарачување го памтам како нешто најубаво од бременоста.
Да ве прашам вас што имате искуство со висок притисок во 9ти месец. Јас сум 37ма недела и притисокот ми е 135 со 90, и варира горе долу. Ми рекоа да го следам ама друг совет не ми дадоа. Што да очекувам, што да правам?
Дали некоја имала искуство со ехогени црева на ехо? Ме извадија од памет со тоа што може да биде ништо, до многу страшни дијагнози..
Од 7ми месец почнав да купувам и тоа прво облека, па при крај на 8ми месец купив количка, креветче, во 8ми месец спремавме и соба, јас одев до крај на 8ми месец на работа и немав време некако, штом седнав дома средив се, ама мачно беше искрено.
Па скоро ич. За првите 3 месеци купив се на ново, затоа што беа страшни со флеки од тоа омегата и ништо живо не ги переше, па заврши се во канта. Ама после од следните месеци сите алишта се скроз здрави, испрани, вакумирани и се си носи. Од мерак купувам, ама 80% и повеќе од сестра и носи. Тетра пелени земав нови (слободно можев и старите да гк користам, ама шубе ми беше. Квалитетов на новиве е крш), бањарки нови земав, бодиња исто, вреќичка летна нова, а зимна од сестра и. Чаршавчиња, ќебиња, се тоа од големото. Е и чорапи нови има. И скафандер (капи, шалови, ракавици од сестра ) А па за крупниве работи да не правам муабет. Количка, транспортер, веќе и во седиште во кола седи, се тоа е од големата. Тротинети, балансери, точаци, се си има во наследство. Дури и жал ми е.
Планирам да купам неколку нови работи од мерак, ама инаку што е можно повеќе ќе користам од тоа што имам од големиот, пошо имам купишта алишта. Е не сум ги проверила уште за флеки и слично па ќе видиме и тоа у какво стање се допрва. Од големи работи ништо, само комода за пресоблекување е планот. Моиве ќе бидат и различни сезони, зимско и летно бебе ама се што се може ќе се искористи па и ќе докупувам плус
Гинекаликс е жива катастрофа. Ај шо те крадат ај шо те лажат со се и сешто на крај те праќаат во некоја нивна ординација Мон Бебе а таму уште поголема катастрофа...Кај им се очите на инспекциите, институциите не ми е јасно. Не се лажете девојки и мајки да одете таму. Жива превара!
16та нед почнав до 25та имав све купено. Среќа затоа што и порано се породив. Почни си со време, нема потреба да чекаш до крај.
Девојки здраво ,со лесно на сите..Сакам еден совет.Бремена сум 7 недела втора бременост,но од пред два дена почнав со кашлица, матичната ми дава да пијам Оспен јас сеуште се думам дали да почнам..Дали некоја има пијано антибиотици во толку рана бременост,а и дали самата кашлица можи да му наштети на бебчето цело време да се кашлало ви благодарам
Имаш бактерија па антибиотик ти дала? Ако е обичен вирус нема никаква потреба, плус па дека си бремена …
Испитав крвни слики црп мирно , леукоцитите се повисоки ,а нема бактерија...Таја вели подобро да испијаш да не искомплицираме ,ама јас не сум за да земам
Здраво. Дали знаете од колку до колку часот земаат крв во лабораторијата во воена болница (8ми септември). Благодарам
Девојки дали некоја имала искуство со болка во десната страна на стомакот? Ми почнаа од вчера а денеска болката е баш појака особено при движење и вртење. Дали е можно да е некоја инфекција, ме боли дури и при мочање ама немам никакви други симптоми и само од десна страна е..