Јас баш вчера имав такви боли исто на десна страна појјаки при одење,вртење,спуштање ме држеа баш долго .. ама ми поминаа вчера вечер после долго лежење. Ако ти е мисла иди да те видат и направи уринокултура
Искрено не гледам причина да земеш, не разбирам зошто матични од ракав препишуваат амтибиотици. Консултирај се и со гинеколог ама се знае општо дека трудници треба да ги избегнуваат
Од 3.5-10 се референтни најверојатно, не се мн високи, е сега она знае што слуша на слушалка тоа е исто важно. Ако е суво кашлањето можеш исландски лишај сируп ќе те смири 5 дена, гаргара жалфија локално и пантенол пастили. Цела бременост бев 2-3пати болна, и одма сируп одма све и се прекина... носот изотоничен преку ден, навечер хипертоничен спреј и плус оперил п за деца ако си мн затната.Важно е да дишиш добро. 3-5 дена и ќе се средиш. Ако сметааат треба антибиотик не иди на своја рака да не пиеш.
Носот ми е скрос затнат..Беше сува и го зедов сирупот ама од ноќеска и еве ссбајлево не е повеќе сува дури кога кашлам ме заболува во градиве сигурно ќе треба да го земам оспено мн ми е страв оти сум во мн рана бременост
Јас фатив грип на сам почеток на бременост. Не знам зошто матичниве одма за антибиотици се фаќаат. Пиев чај од камилица, ѓумбир со лимон, супи ама домашни, овошје и зеленчук и свекрва ми ми направи напиток: во едно мало тегличе се става еден ситно сецкан кромид со мед. Кромидот ќе пушти вода и таа се пие 3 пати на ден по една кафена лажича. Никогаш побрзо не ми поминала кашлица. А кашлав народски кажано како куче.
Дали правел некој аминосинтеза. На приската ми покажа ризик од Даунов синдром. Да сподели некој искуство? Или подобро е Нимфи тест?
Јас не. Снаа ми правеше. Супер помина. Дента кога правеше и рекоа само да одмара, да не се движи многу. Ризик за што? Процедурата ја прави стручно медицинско лице. Си роди лепотица, на која за 2 недели прв роденден ќе славиме.
Пишав и во друга тема ама оваа гледам дека е најактивна па се надевам ќе наидам на одговор Дали некоја членка има искуство со каснење на плодот или несовпаѓање на датумите баш со ништо, ни со последна менструација, ни со датум на позитивен тест, ни со едно и друго ехо во рана бременост а притоа да има срцева акција и се да било океј на крај и да се изедначиле термините? Знам за жени кои имале покасна овулација, нередовни циклуси и сл па кај нив е понормално тоа каснење, меѓутоа јас имав редовни менструации на 30-31 ден, си го знам датумот на овулација, позитивен тест имав уште пред добивање ама и бетата на почетокот беше назад со бројките иако се дуплираше правилно, па имаше сакус во 6та недела ама тогаш прв пат го поместивме датумот за некој ден бидејќи големината не соодвествуваше со последната менстуација, па имав крварење ама плодот си беше супер, пред 1 недела според меркитесоодвествуваше за 7+0, после една недела наместо да биде 8+0 плодот мереше 7+4, срцева акција има, докторот воопшто не беше загрижен меѓутоа мене глава шашма ми се направи...Ако има некој да сподели искуство, искрено јас секој момент го очекувам најлошото а двајца доктори воопшто не се загрижени
Точна овулација ти е потврдена на преглед или како? Јас многу пати мислев дека имам овулација, а всушност немав.
Имав позитивен тест за овулација, ајде и тука има место за ден два покасна овулација ама последниот однос ми беше ден после позитивниот тест за овулација, нема кога после кога да сум останала трудна, мора да се тие денови...ајде тука се тешам ден два покасно овулирање ден два покасна имплантација ама повеќе ме загрижува фактот што наместо да сум 8+0 јас сум 7+4, единствено ако минатиот пат не сум била 7+0, ама исти доктор мереше на исти апарат и тогаш и сега и тоа 4 пати ме премери од што виде колку се вознемирив...Значи од почеток има некое каснење, не соодвествуваат бројкиве и бетата на 3 дена каснење не ми беше многу висока и знаев дека не е нешто баш по распоред ама правилно се дуплираше, па на првиот преглед се докажа каснењето, наместо 6+4, бев 6+0, па после 9 дена, наместо 7+2 бев 7+0 па сега очекував 8+0 и кога ми рече 7+4 се попарив...ме примети докторот измери уште 3 пати, ме убедуваше дека немам простор за паника ама мене место не ме држи...а срцева акција имаше уште на 6+0, има и сега ама ми се чини дека сум заглавена во 7ма недела и никако да мрднам и паниката си расте
Штом докторот ти вика дека нема простор за паника, почекај. На другарка бетата хаоси и беше. Ене ја 5 години ќе прави малата. Некој ден имаат отстапки. Пред се и зависи како е закачен плодот, па од тоа и колку може да измери точно.
Разликата за која што зборуваш е многу мала. Најбитно плодот напредува. Пример од последната мерка каде си била 8+0 а плодот го измериле 7+4, па тоа се само два дена разлика. Јас не би се грижела воопшто. Мисли позитивно. Како што ќе расте бебе, ќе имаш разлики и во недели во параметрите, не само во денови и тоа се смета за нормално.
Друштво, ајде и овде да те се пробам. https://www.facebook.com/EnciMenci....а-е-наменета-з/3586429761486055/?locale=ms_MY Ја имам количкава, ама ми треба транспортерот. Прашав во енци менци, бидејќи оттаму е купено, ама го нема веќе во производство. Украден е транспортерот од кола уште пред многу години, сега останува вака да се потрудам да најдам и да купам. Ви благодарам
Здраво женски, денес бевме на прв скрининг бебето одговара на 12+4, ама докторката не виде носна коска, а другото се е во ред. Направивме нипт во петокот сега чекаме резултати. Дали на некоја и се случило ова и после било се океј со бебе?
Дали ви се случува бебињата да се многу размрдани овој период, денеска сме 37+4 и денов ептен ме растргна, од предмалку два саати нон стоп движење, истегнување, турка абе боли целиот стомак...