Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    633
    Пол:
    Женски
    Остави докторот да си го следи медицинскиот дел, и опушти се, не тумачи овулации и денови затоа што стресот може само беља да направи. Извини што вака ти кажувам, гледам дека си успаничена ама баш затоа сум директна, мораш да пробаш да се опуштиш и мислата насочи ја само на позитивно.
    Со првото бебе, матичната ми рече 'ако нема срцева акција до наредна недела ќе те чистиме'. И срцева акција доби и родив здраво дете во 41ва недела. Цело време ја водеа според големина на бебе, не одговараше по ниеден друг параметар.
    Вторава бременост сум со серклаж и скратено грло од 18 недела (лежам 4 месеци веќе). Бев преплашена а еве во Среда заокружувам полна 35 недела.
    Сакам да кажам, прави го она што максимум можеш - контроли, терапија, слушај совет од доктор и пробај да ја отфрлиш секоја негативна мисла и секоја грижа, затоа што стресот многу влијае. Ќе биде се во ред :l:
     
    На Pravnicka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vasileva98

    Vasileva98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2025
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Има некоја како мене со секојдневни главоболки 33 недела од денеска, веке 2 недели ме измачуваат не се страшни ама ги имам цело време, а и притисокот во текот на денот е добар навечер доаѓа до 130,135/85, што може да е причината дали променливото време
     
  3. Pravnicka22

    Pravnicka22 Нов член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2026
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите на подршката, знам дека морам да се опуштам ама не можам, мислев дека ми е втора бременост полесно ќе поминам, со првата имав и повеќе проблеми ама бев помалку едуцирана и помалку мислев на глупости, сега ментално сум крш, освен сопругот никој не знае сеуште и немам ни издувен вентил, со чат гпт си правиме муабети и дијаграми (facepalm) ми се чини заглавена сум во 6та, 7ма недела и никако да мрднам
     
    На Amellie и Joanna28 им се допаѓа ова.
  4. StrawberryBliss

    StrawberryBliss Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2026
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Јас истава постапка ја правев, скроз иста, матичната не сакаше за ништо да ми даде антибиотик. Едвај оздравев, се изнамачив, ама антибиотик не пиев. Тој сирупот од исландски лишај е чудо :D
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Ако си околу 12 недела можеш да направиш хорион биопсија (мислам дека до 13 недела се прави), да не чекаш до 17 недела за амниоцинтеза.
    Резултат имаш за ден-два. Нифти тест ќе треба да чекаш 1 недела за резултат и ако испадне висок ризик пак да правиш амниоцинтеза. Како ти се параметрите од скрининг, нухална, носна коска?
    Инаку имам правено амниоцинтеза, не е воопшто болно и ризикот да се случи нешто е многу мал. Боцкаат истовремено ехо прават да не го погодат плодот. Хорион биопсијата е исто само што се прави во порани недели.
     
  6. denizzz

    denizzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    109
     
  7. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    4.324
    Пол:
    Женски
    Обично во ваков случај директно се оди на инвазивен метод: или амниоцентеза или хорион биопсија. Првото се прави со земање на примерок од амниотската течност абдоминално. Второто мислам има повеќе начини - и абдоминално и вагинално. Ама мислам дека доктор најдобро треба да ти каже што е најсоодветно во зависност од неделата, други ризик фактпри итн.
    НИПТ тест во овој случај НЕ затоа што резултатите од овој тест не се конечни т.е. не се причина за прекинување на бременост, туку се само индикации кои укажуваат на веројатност од појава на некоја болест (исто како приската).
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    8.124
    Пол:
    Женски
    Женски, дали после вагинален преглед со прсти е нормално да имам секавични болки многу ниско? Се здрвувам и не можам да движам. Два пати ми се случи денес, сабајле имав таков преглед.

    Инаку останатото време е во ред. Грлото е скроз затворено. 37ма сум.
     
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.742
    Допаѓања:
    19.816
    А зошто те проверувале? Мене кога ме проверија ми почнаа породилни болки одма после тоа се породив ама бев 38.5 . Сега исто одев неколку пати со контракции ама само со сонда ме гледаа
     
    На Harper му/ѝ се допаѓа ова.
  10. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    4.324
    Пол:
    Женски
    Мене почна некаде околу 38 недела да ме проверува вагинално и ми кажа дека е можно да имам болки и крварење после проверката но немаше болки, а крварење почнав да имам само на проверките кога веќе бев неколку цм отворена, пред пораѓај. Претпоставувам нормално е, ама ако не поминува јави се на доктор.
     
    На Harper му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    8.124
    Пол:
    Женски
    Рутински преглед беше ама ми кажа дека одсега ќе ме прегледува вагинално со рака за да види дали сум отворена или има знаци за пораѓај според грлото. Немав болки или "причина". Со сонда не ме виде, само со рака и абдоминално ехо за плодовата вода.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    @denizzz Ти посакувам да испадне сѐ во ред. На многу им има приска такви резултати извадено зошто статистички ги обработува податоците од вредности на неколку хормони, мерките од ехо и возраста на мајката. Особено ако имаш над 35 години ништо чудно што ги искочил таков резултат
     
    На denizzz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.742
    Допаѓања:
    19.816
    Јас неколку пати со болки имаат и ми викаат дека не ме чепкаат доле и прават проверки со сонда. Од доктор до доктор има разлика ама исбегаваат баш поради тоа да не иницираат пораѓај пред време бар така ми кажаат затоа не чепкаат следи ситуација ако имаш болки не е на одмет пак да отидеш
     
    На Harper му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.221
    Допаѓања:
    8.436
    Здраво женски.
    Ме интересира што користите за лице ; некако лицето ми е премногу суво овај период ; знам дека не смеам да користам производи со хемиски филтри па да ми препорачате нешто ???

    Од каде купувате облека за трудници освен Вајкики каде има нешто по нормални цени???
     
  15. Nala1806

    Nala1806 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2024
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Дуксери, блузи, кошули зимам поголем број, а пантолони, хеланки од oysho поскапички се ама вредат за парите. И од инстраграм: zatrudnici.mk нешто нарачував океј е..
    За лице embryolisse крема :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. flawlessss

    flawlessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Има во гтц до шехерезада бутик за трудници Премама
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Дајте совет за да го стартувам породилниот процес, денес сум 40+3, госпоѓицата абер нема да излезе. Вклучивме и секс и одење по скали (не работи лифтот), вчера пешачев и по маало и по трговски и правам некои вежбички, но тие се воглавно за отварање на колкови.
     
  18. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    4.324
    Пол:
    Женски
    Од козметика за лице внимавај да не е некоја премногу агресивна козметика. Кога ќе речам агресивна мислам на користење киселини (AHA, BHA, PHA…), и исто така е забрането користење на ретинол во било која форма. Јас би избегнивала и други тешки хемикалии кои ги има во комерцијалната козметика и СПФ креми со хемиски филтри. Би ти препорачала да се пробаш со природна/органска козметика или корејска козметикакоја исто така е природна. Но претходно убаво да ги прочиташ состојките. Мислам дека и на chatGPT да му пишеш за некој конлретен продукт, ќе ти даде одговор дали е безбеден или не.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    1.431
    Пол:
    Женски
    Јас со првото исто така, ја надносив ќерка ми две недели цели после терминот и таман 14тиот ден ме задржаа на патолошка за да видат што понатаму јас до вечерта добив болки и процесот природно почна.
    На бебе му е добро во стомакот уште.
    Јас денеска сум 37+6 и сеуште ништо, чекаме
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mum1234

    mum1234 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2025
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, 34 недела сум + 2 дена, бебето заостанува 1 недела, особено во стомачето, и има околу 2 кг. Загрижена сум, дали сте се соочиле со вакво нешто, дали бебето беше во ред? Инаку протоци, постелка се е уредно, ставам и клексани секој ден од 0.6 заради мутации.
     
    Последна измена: 25 февруари 2026