Нема врска, јас на 39 родив со мене имаше и постари добро пројдоа сите. Важно е каде ќе се породиш на Клиника малку не се добри во главата па се понашаат како да си стока. Е сега ако си нечие дете и таму супер ќе пројдеш. Не се замарај. Може ќе го родиш за 5 минути, може ќе се мачиш 3 дена, може ќе отидеш отворена спремна за на бокс, а може нема да се отвориш и ќе одите царски. Нема потреба да се оптеретуваш, нема правила и годините немаат врска со тоа. Уживај во бременоста кога ќе дојде денот се брзо се одвива и верувај дека ќе заборавиш се. Ќе имаш на што друго да мислиш
Ако ти одговара Аеродром Снежана Панговска Гинеко -С.Јас ја водев Систина бременоста кај док само за документација за боледување и упати за авицена.
Девојки здраво. Лесна и успешна бременост на сите. Пишувам уплашена за една тема, воедно сум за некој ден 7ма недела од бременоста и бев на ехо за срцева акција. Имаше срцева акција имаше жолчна ќесичка, нормален ембрион согласно неделите, но докторот ми спомена некои почетни промени кои биле околу самиот сакус кои подоцна можеле да значат аномалија на плод, да чекам да видам дали ќе имам спонтан. Муабетот беше многу груб ако прокрвариш значи организмот го отфрла бидејќи не е во ред, а може и ништо да не биде, ќе видиме за 3-4 недели.Воедно еден спонтан веќе имав пред 2 години, поради неоткриена тримбофилија. Сега и за тоа примам терапија. Дали на некоја од вас и имаат кажано вакво нешто толку рано во 7 ма недела и дали е можно ова да го примети , без памет ме остави ?!
Бев наредниот ден и кај матичниот ,но ми вели рано е сега било што да се каже, незнам кој те исплашил. Впрочем ништо не гледам сем уредно развиена бременост за неделите. Се друго се анализира покасно. Ама сепак некако ти влева толку сомнеж и недоверба... Се покајав што отидов ,а докторот има стварно големо реноме..
И докторите со најголемо реноме, прават грешки да не се лажеме. И прерано е за било каков заклучок. Ако ембрионот се развива согласно неделите и правилно, зошто те плаши не ми е јасно. Јас би ти рекла да се опуштиш. И за две недели оди кај друг на преглед, паралелно со преглед кај матичниот.
Еве јас уште не сум породена, 39+3. Еве сега сум на цтг, покажува некои контракции ама јас не ги чувствувам. Чекам да видам докторката што ќе каже.
Така и ми е на мисла искрено. Незнам со други зборови како да ме спреми дека во секој момент ќе имало спонтан, само затоа што сум имала точкасто крварење во 5та недела. Можеби ми рече е од крварењето,а можеби не мајката природа ќе одлучи вие за секој случај направете си кариотип...
Скоро 37 години. Пораѓајот помина прилично брзо и лесно. Помалку од 3 часа траеше се, на бокс ни 10 минути не бев. 3950г се роди бебето.
И јас само што завршив со цтг, мирно е кај мене некои благи контракции нередовни но тоа не се рачуна, вода вика има уште, постелката веќе трет степен на зрелост ,бебе околу 3400 грама Контрола за една недела Ми даде упат за секој случај ако викендов добијам болки
Да знаеш дека дали ќе испукаш многу зависи од кожата. Јас се мачкав со вазелинот на дм што е околу 150 денари и ниту една стрија не ми се појави. Многу овде се мачкале со многу скапи креми и пак испукале. Овие пура перла конкретно многу ги фалат. Верувам дека се добри плус органски.
Девојки како сте го намалиле црп во бременоста денес испитав 27.5, минатиот месец 20. Иначе континуирано имам кашлица веќе 3 месеци особено наутро. 19 недела од бременоста сум. Седиментација 38
Седиментација е нормално да е покачена и не се проверува во бременост. И црп полека ќе падне. Ако ти е само наутро кашлица, може да ти е и од секрет кој се слева од горе.
37+3 периодов слабо го осеќам бебе.. Вчера навечер отидов на гак ме прегледаа таму се е во ред вода си има доволно само на цтг беше бајаги успано па го размрдуваа. И минатиот пат вака кога отидов исто (заради притисокот отидов минатиот пат) морав уште едно цтг да направам пошто на првото беше бајаги успано. Иначе ми кажаа се е во ред да не се грижам само понеделник на контрола во амб 36.
Тој период се баш успани јас по 3 пати се враќав да повториме никако да се размрда а се породив 40+4.
Не ми било никогаш успано ама па пред да одам пијам кафе, јадам, кока кола, вода било што..да не одиш гладна жедна? Пробај така. Откуцаи и протоци ако се во ред нрма простор за грижа, ако има нешто надвор од нормала оди им почесто