Од денес чувствувам голема уморба и забрзано срцебиење, крва слика е добра, 34+6 сум, дали е нормално, дури ми е неподносливо се препотувам
И јас исто се чувствувам, секоја измината недела уморот, нелагодноста, болките и не спиењето се зголемуваат. Цела бременост немав проблем со потење, ама сега од 33-34та недела наваму и јас често се препотувам и ме пукаат жештини и нерва хаха. Плус хемороиди ми излегоа и дополнителна непријатност ми прават, за мочање по илјада пати у денот да не ни спомнувам. Претпоставувам дека се ова е нормално, хормоните се на најјако, телото се припрема за породување и тоа е тоа. Ќе издржиме, уште малку.
Последен пат кога бев кај матичната на контрола во ред беа протоците и она веќе ми кажа дека треба со контролите на гинекологија да продолжам,тоа беше на 2ри.
Јас сум 36та, тахикардија имам веќе некаде од втор семестар, ама не е премногу до максимум 100 ми бил пулсот кога сум мерела. Ама и ретко мерам Пред месец време почнував да се препотувам ноќе претежно, преку ден не толку. Умор константно, се повеќе и повеќе, киселини имам многу, нелагодност, не можам да спијам, само се превртувам цело време де на една де на страна.... Ама се ова е нормално, ќе се издржи уште малку. Инаку уште немам никакво чувство ниту симптоми дека се ближи пораѓај. Се надевам бебче ке си поседи бар уште две три недели во меше. Се мислам дали да почнам да користам ланолин во 9ти месец или само после пораѓај? Има ли некој што почнал да користи во последниот месец, има ли некој бенефит?
Девојки,мајки здраво Дали ги мачкате градите со ланолин ? 33 недела сум, премногу почнаа да ми се сушат градите околу пупката ? далу мачкате со нешто?
Ок е да се мачкаш порано само пази не масирај не стимулирај многу, да не предизвикаш контракции. Јас се мачкав со ланолинот на медела околу 1 месец пред пораѓај.
Кога сме кај тахикардија, дали е нормално уште на почетокот да се јави? Јас само што се тестирав позитивна, ама ова не се издржува. Не функционирам, здив губам дури и кога зборам, толку се задишувам што не можам ни до продавница да одам. Има ли некој вакво искуство со почеток на бременост?
да, дури и седната кога зборував ми се случуваше. Се смири после некое време, па сега веќе втор триместар пак повремено се појавува. Неубаво чувство е, ама нормално е
Здраво девојки јас сум 17+ 5 дена, на секоја контрола досега ми вика нема доволно простор за бебчето скроз е сплескано, а немало ризик со плодова вода и да пијам само превриена вода или чаеви, некој со вакво искуство ?
До ден сме исто, 37+3 ) И јас баш вчера си помислив, нешто поретко го осеќам, ама како спомнав - така се активира. Ајде, нека биде со лесно, уште малку На клиника одиш?
Не те разбрав. Немаш доволно плодова вода и на бебето му е тесно или имаш проблем со матката (преграда или не се шири како што треба)?
Ајде совет од поискусните мами. 39+4 денес, ноќеска воопшто не спиев, имав некоја чудна тапа болка над и околу папокот и стомакот цело време ми беше тврд. Редовно одам во тоалет и ноќеска исто бев по голема нужда но не ми олесна на стомакот и сега имам некои благи болки и боцкања, бебе се движи... дали е паметно да одам денес на цтг или да чекам