Да јас имав на почетокот и ми препишаа Верапамил од 40 мг по потреба. После се нермализира. Јас нагло прекинав кафе тогаш повраќав итн, а претходно сум пиела по 4 на ден. Мислам и тоа играше улога.
Ако може некој што ќе иде на Гак за скрининг (соба 28 и 50) да го сликне распоредот на докторите и да го прикачи. Фала
И јас бев така,магнезиум на хелт ејд по една таблета сабајле и навечер и на пладне неуробион пиев. Ми помагаа. И мене ми рекоа дека е нормално. Сега сум 19+ повремено ми се случува,неповрзано со движење,јадење, знае и кога сум легната пред спиење да ми се случи и веднаш пијам еден магнезиум. Сум пробала и со техники на дишење ама не ми помогнале. Со лесно
Здраво мајки, 33 недела сум деновиве чувствувам како грчеви ниско долу и на моменти стомакот станува тврд исто и болка во кичма. Дали имала некоја слично искуство?
Нема доволно плодова вода,а ми рече нема ризик само да пијам и како да ја надохнадам а пијам по скоро 2 л вода
Braxton Hicks contractions се таканаречени „лажни“ или подготвителни контракции на матката во бременоста.
Јас носев крвна група и рх фактор Хепатит на и ц и хив Брисеви Ми побараа само крвна група и рх фактор.
Јас имав намалена плодова вода од 24 недела издржав до 40+3. Одев на контрола на ГАК секоја недела за во случај да треба да ме задржат на паталошка. Водата не смее да ти падне под 5. Мојата цело време варираше од 6 до 8. Ми рекоа дека треба да одмарам со лежење и да пијам многу течности и течна храна. Чаеви толку во бременост не знам дали смееш да пиеш. Јас пиев цело време флаширана вода. Пиј повеќе од 2 литри. Ако немаш шеќер мешај малку сок со вода колку да ти смени вкус. Ако твојата матична смета дека водата не е доволна треба да те прати на ГАК. Таму ќе те задржат да лежиш и ќе ти даваат соодветна терапија. Единствен ризик ќе ти биде порано да се породиш. Не оставај така оди и на друго мислење или оди на ГАК.
др Ивана Младеновска Стојкоска на клиника, мене ме води и е прекрасна! Мене ме водеа со дијабет тип 2 (дијагностицирано од друг доктор предходно) и точно пред да останам бремена се префрлив кај др Ивана бидејќи сакав да се спремам за втора бременост, и со неа откривме дека во суштина се работи за дијабет тип 1. Докторката е прекрасна, достапна е цело време и многу е стручна. Јас имам само позитивни работи да кажам за неа.
А за носење ти треба од искуство 1. Папучи 2. Улошки земи повеќе 3 пакетчиња јас отидов со едно па ми носеа после 3. Подлоги за преобликување бебе што ќе ги користиш за себе 4. Пешкир за лице и тело 5. Паста за заби, четка за заби, чешел 6. Мрежа гаќи 7. Влажни за тебе 8. Тоалет хартија 9. Вода 10.Памперс за бебе 11. Влажни за бебе (крема носев не ми побараа) Храна може да ти донесат во секое време. Јас на клиника се породив на секои 3 саати качуваат се што фамилиите носат. Носев и чепчиња за прочистување ниту некој ми рече да си ставам ни ништо. Купи си за секој случај.
јас со сите три деца дали еднаш бев на цтг во 9 месец. се негде кај 37 недела со сите три сум породена природно 39+4 39+1 39+4 чекав самото тело да ми даде знак дека е време. и така беше со сите три прво ми пукаше водењак па болки породилни. Со ова ќе видиме како ќе биде рано е - денеска сум 23+3 . Со лесно нека ти е ептен ситно броиш ти. минутки се во прашање
39+5 денеска и сеуште ништо, стандард стврднувања на стомакот, некои безвезе менструални болки и тоа. За првото исто чекав, се утепав одејќи на цтг, две недели по термин се роди па затоа и сега си мислам дека ќе биде така.