Здраво на сите од мене. Бремена сум 7 месец и откако влегов во 7 месец имам проблем со притисок, цело време ми е или низок или висок...вчера ми беше 160 со 100. Па вечерта ми беше 60 со 90. Дали е во ред ова и од што може да се случува?
Тогаш лежи, гледај тв уживај и цело ама цело време пиј течности. Напорно е, мене едно време почна и од водата да ми се гади па ја правев како што ти кажав со малку сок за да можам да ја пијам. За ручек супа, манџи течни. Кога пиев повеќе течности ми се качуваше до 8, кога ќе забушавав ми паѓаше на 6. Стави шише со тебе и пиј. Пробувај секој ден чаша плус да испиеш. Имаш уште многу за терање мораш да си упорна. Мене ми викаа ајде да издржиш до 36та недела, јас затерав 41 Ќе биде и кај тебе само мораш малку да се помачиш.
Јас пиев преемногу вода и секогаш ми беше на горна граница водата. И кога ми го пукнаа водењакот се чудеа колку вода имам.. Не претставувало никогаш проблем ама дефинитивно е што пиев по 5л вода во ден..
Како пиаше по толку вода мислам дека ако пијам по толку вода и во вц ќе останам сега по 2 л само во вц сум а не повеќе
Јас секако многу вода пијам. Од сабајле од 7 сигурно 10 чаши имам испиено.. И јас трчам цело време во вц ама не знам мене ми е и навика да пијам. Можела не можела мораш да пиеш.. И 100 пати да отидеш тоа е. Таква е ситуацијата
Само дома ќе седиш. Јас не одев никаде зошто не можев да додржам. Ама барем издржав до крај да ја доносам. Мораш да пиеш што повеќе.
Во бременост уште селење ми фалеше ама,ајде ке се издржи 31+4 сум моментално,сега за сега е се супер и во ред и со шеќерот успевам да излезам на крај и да го контролирам. Синко машала активен ме убива 24/7дури нс моменти толку непријатно и болно мие Почнав дс осејќам поголем замор овај период и потешко да се движам. Осејќам на моменти и минимална болкс претежно долу лево само,како јајник дс ме боли и многу мие тешко да се завртам од една на друга страна во спиењето,понекогаш тоа мие болно. Бабицата ми кажа дека болката е нормална,и дека е нормално на моменти да ми се стврднува стомакот. Се надевам дека сите сте добри и дека се држите
Здраво мамички и идни мамички, Се породив пред два дена со царски рез во 37+2 со машко бебенце. Пораѓајот помина брзо и лесно. Опоравувањето е болно и тешко, но полека се стабилизираме. Станав на нозе битно, се избањав, полека се враќам во нормала. Бебето е добро, се навикнуваме и гушкаме.
Здраво на сите, денес бев на преглед и премногу сум испаничена, јас сум 27 недела, плодот според ехо 26 недела. Испитани хемостаза и ддимери уредни. Докторката ми кажа дека постелката одговара за 32 недела и има многу калцификати, терапија не пијам освен витамини. Следен преглед ми закажа за 1 месец. Дали некоја од вас се соочила со вакво нешто, ве молам за совет.
Мене докторот за калцификати ми кажа дека имам уште 34та недела но од тогаш еве терам цел 9ти месец денеска 39+6 и бебе уште не излегува. Постелката веќе трет степен зрела ,бебе засега добро, утре сум на цтг па ќе видиме. Инаку постелката со калцификати имала влијание врз хранење на бебето, како демек послабо ја врши работата но немора да значи....
Дали си пушач или случајно да престојуваш во такви простории? Мене ми рече демек така се случува обично кај активни пушачи иако јас никогаш немам користено цигари Не се стресирај, побарај второ мислење ако не се осеќаш мирно Јас така кога ми кажа си мислев ќе се породам одма а еве веќе и термин ќе прејдам
И мене во точно 27ма недела кога бев на преглед докторката ми кажа дека постелката ми е втор степен созреана. Пушач не сум. Не сум ни пробала до сега цигара. Ниту сум седела во просторија со пушачи. Се породив природно во 38+5 недела, здраво и право бебенце.