Ако е како тој на ГАК, најрано што може да се направи е од 20та недела. Барем така јас го толкувам резултатот. Спојлер еве референтни
Со првата бременост проблем имав само после царскиот, па пиев хеферол. Тешко апче, ама помогна кај мене. Сега во оваа, хгб и железото ми паднаа уште во 5ти, 6ти месец па пијам Фероглобин со витамин Ц 500, ама веќе мислам ќе ми треба појака терапија.
Железо накај горна граница и не е високо железо. Најверојатно ти е "лажно" покачено затоа што сигурно пиеш пренатални витамини, а во нив има и железо. Веќе 28ма недела си, нормално е и хемоглобинот да паѓа полека затоа што бебе повеќе влече. Кога ќе ги прекинеш пренаталните и железото ќе падне сигурно.