Страв не страв што влегло мора да излезе. Не го мисли стави си во глава дека боли и дека мора да помине. Се заборава. Потешко е со бебе дома, јаде, не јаде, кака , не кака, плаче, плаче, уште плаче, зошто плаче ама тоа се се слатки маки. Купи си бодиња во повеќе големини(локо кроко и Стружанка), шпилхозни со патент многу побрзо ќе го облакаш(синсеј) тетра пелени(Стружанка, пепко), шише во случај да мораш да даваш дохрана(Филипс агент), цуцли(ДМ бејби лав), чешел(ДМ), бањарка(Стружанка), кебенца не зимај ако правите мекици гарант ќе ти донесат исто и алишта не зимај многу мене од мекици се што ми донесоа не успеав да облечам. Од козметика земав веледа ама не ни одговараше па земавме друга. Памперс бејби лав не се лоши а се со солидна цена, марамици користам Бекутан и за газето исто Бекутан крема.
Од која недела почнавте да перете алишта и торбица за во болница да спремате, јас ќе сум царски највероватно 38ма ќе ме пораѓаат а сега сум 36+3
Добро вечер Мамички, што зимавте за настинка во бременост? Многу се чуствувам лошо парацетамол не ми помага а за грлото ми кажа докторката да ги земам лижавчињата на Dr.Thesis ама и тоа не ми помага.
На прво место внесување мнооогу течности, по можност вода и чај. Се друго што ќе земеш нема да делува соодветно ако не внесуваш доволно течности. Суви сливи исто пробај и храна што содржи влакна (овошје, зеленчук, чиа, лен). Ако ова не помогне пробај со сирупи ама не земај на своја рака, строго во консултација со доктор.
Дали добивате грчеви во мускулите на нозете во спиење? Два пати ми се случи во краток период,пиете нешто што може да помогне?
Ајде малку совет од мајките кои се имаат породено со индукција, со таблета простин, за колку време ви се јавија болките и дали брзо напредуваше отварањето ? Јас сум 41+0 пред два ипол часа ми ја ставија вагиналетата но сеуште немам болки, затегања одвреме навреме ама ги имам цела ноќ истите уште пред да дојдам. Демек отворена 3цм но грлото било долго, е сега дали ова ќе делува и кога незнам, ме фаќа страв...
Моето искуство со индукција (иако не беше терминско туку во 5ти месец и не бев отворена): прва таблета ми ставија во 12 на пладне, болки добив тек нареден ден во 6 утрото, на 6 часа ми ставаа таблети. Другарка во 41 недела се породи пред некое време, исто во 12 на пладне почнаа да ѝ ставаат, првите болки ги доби во 9 вечерта и се породи после 13 часа (прворотка). Се надевам дека ќе биде кај тебе побрзо бидејќи си отворена. Инаку нормално е одма да не фатат болки откако ќе ти ги стават таблетите. До утре ќе држиш бебче во раце со лесно
Кога се очекува да почне да зрее постелката од прв накај втор степен? Треба да се испитаат димери во случајот, така? 30+5 сум. Плодова вода нормална рече. Не пушам.
Мајки со трета бременост кога почнавте да ги осеќате бебињата. Првите две ми беа одамна и не се сеќавам. 18недела сум и седиште не осеќам ништо.