Добро утро девојки, ве молам помагајте. Сношти околу 22ч имав вагинален преглед кај матичната. Бремена сум 6та недела. Се е во ред со бебето, има срцева акција. Но откако си дојдов дома кога појдов во вц при бришење забележав како кафеави точки( после 3ч од прегледот) утрово кога станав повторно при бришење кафеаво и ставам вагиналети циклогест и дел од вагиналетата кога истече беше помешана како со точки кафеави или жолтеникави. Ве молам за мислење? Денес докторката не работи, а кога одам на болница за било што добивам паничен напад.. дали е нешто за згрижување?
Да, циклогест ми го даде бидејќи одвреме навреме чуствувам некоја мала болка ниско долу.. но ме плаши кафеното при бришење ..
Moze da e implantacisko, sledi ja sostojbata, ako prodolzi za sekoj slucaj odi na lekar, ako ima krv moze da e i hematom pa da ti dadat i proluteks, vo sekoj slucaj ne se plasi no reagiraj, jas taka bi napravila, se nadevam pomognav.
Циклогест ми даде уште пред прв пат да ме види на ехо, уште од позитивен резултат, бидејќи понекогаш чуствувам болка во долниот дел од стомакот. .
@Stonegirl болка во долниот дел на стомакот, особено во рана бременост е скроз нормална. Матката, лигаментите почнуваат да се шират. Благи менструални болки се исто така нормални. Кафеното најверојатно е од прегледот, или може при ставање на вагиналетите да си повредила некој капилар. Сега се е осетливо и натечено таму доле ради зголемен крвоток. Неколку капки не е страшно, кафено не е страшно, ама ако се зголемува или стане црвено оди на лекар.
Се смирив малку, последните два пати кога бев во вц немаше воопшто кафено, се е најнормално. Во секој случај пон ќе разговарам со докторката, се надевам и јас дека е од прегледот со оглед на тоа што ми се појави одма после прегледот..
36+1 денес. Секој ден чувствувам се повеќе болка и притисок долу, спуштено е и свртено си е со главата надоле. Немам сила за ништо и малку да поодам одма се изморувам. Од една страна веќе сакам да се олеснам, од друга му викам на бебе седи си ти што подолго кај мама, ќе се издржи се. Со реновирање фала богу завршивме пред 1 недела со мајстори, малце посмирена сум сега во тој поглед зошто сум си веќе дома. Останаа уште некои мали работи да се средат, битно креветчето и стварите за бебе ми се спремни и сега чекамеее.
јас сум 19 недела и осеќам слабо, но не сум сигурна дали е бебето или цревата ама од 20,21 недела веќе би требало да се осеќа повеќе
Членката е 6 та недела и има срцева реакција. Имплациско е кога оплодена јајце клетка се вгнездува во матката.
Иста сум, се спремам веќе во вторникот бев на прво цтг и ми рече докторката во 38ма царски, на моменти ми се плаче на моменти сум многу среќна кога ги гледам тие мали алишта и се што спремаме, но кога ми се плаче си велам како ке биде се и со бебе и со царски дека сум сечена веке 2пати и знам колку е болен целиот тој процес ама мора да се издржи 6год го чекаме овој момент
Повеќе нема ништо, се е чисто. Искрено се надевам бидејќи беше многу кратко дека не е ништо опасно, туку дека беше реакција од прегледот, со оглед на тоа што ми се случи одма по прегледот. Ви благодарам
Ќе биде се во ред, створени сме за ова и благословени што ни е дадено на нас жените да го носиме овој “товар”. Јас многу сакам природно да се породам, ама ќе видиме како ќе се одвива целиот процес бидејќи јас сум со пејсмејкер па можеби ќе треба да интервенира кардиолог ако испадне царски на крај. Како и да биде, само да сме јас и бебе добри а другото ќе помине се. Повеќе ме фаќаше паника негде на средина на бременост кога бев, секакви сценарија и слики ми се мотаа низ глава. Сега се препуштам и оставам само да се случи како што треба да се случи.