Девојки дали некој знае што би можела да земам за настинка носот ми е затнат и ме боли грлото се осеќам омалаксано бидеќи е викенд дури одам на лекар што би можела да земам
Можеш Аквамарис спреј за нос, и пастили за грло со пантенол. Ако кашлаш најмногу помага Алпенкрафт сируп.
@Veki4kaa за трнењето да пробаш да зголемиш на магнезиум? Јас имав трнење неколку пати на почеток на бременост, докторот ми рече може да зголемам магнезиум до 1000 мг дневно. Ми помагаше и за други симптоми и продолжив да си пијам повисоки дози, а трнење после тоа немав.
Здраво дали некоја од вас и се има случено да ја болат јајниците повеќе едната страна и во средина над вагината особено многу при движење....28 недела сум.
Има некоја друга трудница со многу рани лажни контракции Braxton Hicks? Кај мене во 20г.н почнаа а и доста чести се...некако многу рано ми се чини па дури и се чувствувам вознемирена. Со претходните бремености дури пред крај на бременоста ми се појавуваа лажните контракции, или пак може дури тогаш ги приметував. магнезиум не помага за нив вака до крај ќе се мрднам од паники
Кај мене мислам од кај 15 недела почнаа четврта бременост ама не се толку чести можеби и не ги приметувам не сум седната со три деца нормално едно кафе да испијам или да одморам 5 мин.
да те утешам јас имам од 18 недела до ден ден 34 недела пиј повеќе вода и мењај положба кога ке дојдат.
Пијам вода како слон, движам . Ама единствено ми олеснува ако легнам странично,а немам прилика на секоја една да одам во хоризонтала. Ако седнам се најлоши, мислам срцето во вратот ми се качува Фала ви,ме утешивте. Иако ми е четврто дете навистина не знаев дека се случуваат волку рано и волку чести и језиви да бидат. ако не добијам панични напади од нив до крај ,арно ќе биде.
Да кај мене околу 15та недела почнаа втора бременост ми е , доколку не се чести и болни нема простор за паника.
Јас гледав од Тему т.е Алиекспрес пред години ( bassinet cover) нешто со тој опис барај. Или опција по мерка да ти шијат. Во продажба не сум зачекала.
Матката што се шири ти е. Јајниците не ти се во функција сега и не ти е од нив. Работата си ја завршиле и од моментот кога се закачува јајце клетката, јајниците одат на пауза од 9 месеци. Уринокултура имаш проверено?
125 или 129мг има магнезиум овој, мн е слаб прочитај убаво на кутијата. стои одговара на.... со ситни букви. Земи од now таблети од 400мг цитрат или бисглицинат имаш на healthaid 375 mg
Да видов дека ги има на тему. Мислев тука кај нас да не има случајно да не ги чекам . Ама по се изгледа дека ќе нарачам од тему
Мајки, што користевте долу за по пораѓај? Поточно плус работи кои ги стававте на влошката .. читам за ice packs, witch hazel pads, relief foam, dermoplast спреј. А кај нас нема многу од работите да знам дали да нарачувам преку роднина што ќе дојде од странство, што навистина е потребно и го олеснува заздравувањето
Искрено нема потреба од ништо такво. Дозволи му на телото само да се опорави . Не е ништо толку болно за да мораш да ставаш такви препарати. Мој совет