Јас не сакав да кажувам до колку издржав (41+), вториот пат па не ми се ни кратеше грлото со 3 дена провокации
Девојки здраво..ве молам за совет ..12 недела сум и денеска ни беше првиот скрининг ..Сето беше во ред освен што на крај матичната рече само една раб ме загрижува што плодов не се движи ..не е активен на почетокот си лежеше и после го мрднавме стомакот се размрда и тоа и си застана во една позиција и после тоа само си лежеше..Дали имам простор за загриженост .Секако ја прашав матичната таја вели понн ќе го видиме пак зжстварно да не си рајат..
Ако не си мирна оди на уште едно ехо. Може бебето спиело во тој момент. Касни нешто благо пред прегледот.
На редовен преглед слично ми се има случено,не знам точно која недела беше, застанато беше во една позиција спиеше, па го размрдавме, се мрдна и си се намести и си продолжи да си спие. Докторката ми објасна дека имаат циклуси на спиење и дека е сосем нормално. Срценцето си работеше се супер беше. На наредна контрола се движеше и за предходниот пат хаха
Со второ. трето и тд е побрз процесот на пораѓање а не носењето на бебето по недели . не мора да значи ако со прво си породена 37 и со второ ќе биде тогаш. Мене пораѓајите ми беа двата во 39+4 девојчиња и еден во 39+1 ден машко а викаа машките терале повеќе еве со него два дена порано се роди Инаку времетраењето на пораѓаите ми беше прв 15 саати. втор 4 саати. и трет саатипол .третиот ми беше најбрз додека отидов бебето се роди . бев во шок колку брзо беше се. со лесно и ти посакувам што побргу да се излесниш и пократок процес на пораѓај.
Во понеделник сум на прв преглед 7+3 дена сум. Дали треба веќе да има срцева реакција? Бидејќи кога отидов 4та недела немаше ништо на ехо..
Епа бидна денеска и стварно беше брзо, за нецели два саати откако стигнав во болница. Ми се роди синче
32ра од утре, како воз да ме прегазил. Нит се спие, нит се лежи, нит се седи, само можам саглам да јадам. Со првата бременост не ме фати с'клетот волку рано и иако нема да чекаат повеќе од 38ма, пошо царски ќе сум, пак има уште многу за квачење. Функционирам на 4 часа цепкан сон. Дајте утешете ме дека новороденче и тодлер е полесно бар малку од бременост и тодлер.
Пааа веќе имаш едно и знаеш дека нема ништо лесно ама се е навика. Јас кога бев трудна толку ми беше мачно само викав леле да се породам, леле па кога се породив како сум се самосожалувала кога ќе ми текне глупости, сега сум како во струја брцната функционирам со 3 саати сон со бебе што живее во моиве раце хаха И тоа јас сум со едно дете и не планирам второ. Нека е жива и здрава. Стара жена сум јас не можам