A isti se? I vo ovaa bremenost imam golem hematom sto sigurno ke pokrvaram pak zatoa bara da si imam za sekoj slucaj
Прогестерон се, порано имаше нели прогестерон депо ама тие се повлечени од продажба. Ќе ти препорачаат сигурно Пролутекс да боцкаш ако не дај боже прокрвариш.
Мислев дека после три бремености се сум поминала и осетила,ама не било така. Ме болеле дојките и порано ,ми биле отечени,осетливи , ама сега имам како бодежи и тоа само на една дојка странично,од под пазува кон брадавицата. На допир ме пецка ,пече... не ме боле цело време,само во одредени положби,ама нервозно е и иритира, вознемирува. Некоја друга трудница да имала вакви бодежи во дојката? Се мислам да не ми е некој нерв од пршлен ама што знам... Анксиозноста на најјако ми е во оваа бременост. Уствари, не паметам да сум била волку многу вознемирена во претходните.
Од каде си ? Јас примав пролутекс инекции исто така содржат прогестерон си ги купував од една аптека јас сум од Прилеп за да ти кажам..Или па прогестерон депо ти рекоја оти има мислам разлика
Девојки дали има некоја што користи Андол про од 75 ..Денес докторот ми го замени аспиринот 100 со овие да ги пијам утре ,вечер ,а гледам исто дејство е и состав е
Мешковци, како се справувате со времево? Ви влијае? Јас посебно денес сум за никаде, гадење, омалаксаност, без енергија...само би си лежела
Ооох, како никогаш досега. А е мрачно, врнежливо, јас сум нефункционална. А излезе сонце, пола Скопје го пешачам без проблем
Иста сум, на убаво време и јас не се прибирам дома, шетаме со малава и тоа бајаги си пешачиме. Едвај чекам да затопли, здосади времево
Утро вечер ми рече докторов да биди 150 ,а мене некако ми е мн ама валда е доктор си знае тој.. башка се бочкам со фраксапарини
Алал да ви е за храброста. Јас толку лошо поминав што нема шанси да раѓам пак. Не можам да го заборавам хоророт. Нека ми е жива и здрава бебка од мене толку освен ако не се фати по грешка не сум способна ни да чувам повеќе деца реално хаха
кај мене ова е последно дефинитивно и се фати нз како без свршување внатре со пазење цело време една недела каснеше осеќав дека сум бремена на мажотми му викам купи тест има нешто он не бе шо ти е нема шанси кога направив тест црвени жар двете. се мислевме на абортус ама сепак одлучивме да го задржиме. Ќе имам две девојчиња и две момчиња
Дали имате проблем со одење во тоалет? Јадите нешто,пиете стварно ме нервираа и не сакам да добијам хемороиди А и лажниве контракции ме убиваат на моменти,дури језиви ми се Синоќа имав некоја непријатна болка цо желудник едвај заспав,многу ми беше лошо и сабајлево повратив малку,стварно не знам што ми беше
Иста бев вчера, помислив дека фатив стомачен вирус, одма се напив јаглен, на саат ипол се будев, мн ми беше лошо и мене, на раб бев на повраќање. Пробај и ти со јаглен или пробиотик. Јас кога користев Утрогестан, си пиев секој ден лажичка маслиново и ми помагаше, можеш да пробаш и со салце(ние имаме домашно) од домати, сливи, сок од праска итн.
Никаков проблем немам за во тоалет, а сепак имам хемороиди Инаку гледам да јадам многу овошје или смути во текот на денот како ужинка, обавезно јогурт со еден оброк или кисело млеко и многу многу вода во текот на денот.Засега ми е супер. Пијам и магнезиум цитрат, читав дека и тој многу помага, мислам и тука имаше пишано некој. А болка во желудник и мене ми се јавува повремено и киселини исто.
Да. Добре дојде во клубот. Па некогаш некои нешта помагаат некогаш истите воопшто не помагаат. Јас гледам редовно секој ден или барем преку ден , 4суви сливи во вода преку ноќ и наутро прво тоа конзумирам, па закиснувам во голема чаша 2лажици чиа семе со јогурт и малку вода и тоа го јадам вечер како пудинг. Пијам магнезиум,неуробион, а колаген секој втор ден. Со секој ручек ,вечера обавезно зелена салата. И три дена за појадок правам овесни каши со Таан,чиа,малини/боровинки,како,цимет,мед и топла вода,може и шака бадеми. Исто така,супа од домашен петел многу ми помага,среќа имам од каде па правам два пати неделно. За хитно,имам при рака и парафинско масло,големо шише, но до сега само еднаш имав потреба, па испив пред спиење една лажца ,и утрото лесно се испразнив. На периоди ми се менува столицата,гинекологот вели хормонално е,но сепак треба да се внимава и на исхраната за да си олесниме. За контракциите немам најдено спас, освен да легнам ,никако поинаку не ми олеснува, и да,и мене ми се многу језиви. За желудник си лижнувам малку ѓумбир во прав,сега за сега ми помага. До кога ,не знам. Како одминува бременоста, се нешто ново ме мачи чиниш прв пат ми е.
Има ли некоја мајка болка во градите. Во едната мислам ми теже и цврста ми е а сум 19недела дали на некоја и се има случено . Во едната. Првите две деца ми оваа повеќе од таа дали има некоја врска