Дефинитивно ништо не ми помага од хранане знам дали сум јас проблемотисто и за желудник.. Следна недела имам термин,ке барам да ми кажат некое чаре ако знаат Се отепав од јадење салати,супи,чиа пудинзи и што уште не ама џабе излеа
Прашањето е во ред, не е во ред тоа што прво не си ги прочитала правилата за членовите на форумов, за пишување кирилица и отварање нови теми. Инаку во клиторисот има голем број нервни завршетоци. Можно е бебето да притиска долу на некои нерви кои одат до клиторисот и поради тоа да ти е отапено чувството. Како и да најверојатно ќе треба да почекаш да се породиш за да се стабилизира и да се врати чувството таму.
А ти додека се потсмевас дека сум очајна каква си ти кога имаш зорт ? Смирена и среќна ? Нова сум едвај се снаоѓам на форумов можеби сум исплашена и можеби немам кај да се обратам или нејкам дека ми е страм ? Форумов е за помос или подсмевање ?
Нова сум едвај се снаоѓам не мозам д анајда. За правила и исплашена бев не знаев кај да пишам ама не знаев дека тука одма се подсмеваат и заклучиваат како сме во очајни ситуации изгледа во погрешен форум сум пишала
Пробај лажица парафинско пред спиење , може ќе тргне ,ќе се одглави работата. Секако консултирај си се и со гинеколог.
Пробај лажица маслиново масло да испиеш, а ако ти е грдо можеш и кокосово. Јас го ставав кокосовото во кафе и се топеше не го осеќав. Исто ставав и некогаш по една лажичка во кафе/чај Bio Fiber. Го има во аптеки и на алфалаб страната
Денес 38ма полна недела. Вчера бев на цтг и ултразвук во Жан Митрев кај др. Кижевски, бидејќи мојата докторка е на семинар моментално па он и е замена. Цтг добро, се друго исто добро освен што водата малку се намалила, но ништо загрижувачки за да ме задржат и да се пораѓам. Ми рече да дојдам пак утре во петок, за да се следи ситуацијата. Ми рече сега ќе морам вагинално да те прегледам, не очекував искрено. Ми беше доста непријатно… кратко траеше и кога заврши рече одлично. Викам што значи одлично? Вика отворена си пола сантиметар, грлото е убаво меко и малку скратено, идеални услови има за природно пораѓање. Може да биде во секој момент, и утре и за недела-две, тоа што си отворена пола сантиметар не значи по дифолт дека денес или утре ќе се породиш. Ама зависно од водата ако продолжи да се намалува, можеби ќе треба во петок да те задржиме и да те породиме. Утре треба да одам пак, и повторно ќе ме прегледува вагинално што не ми е баш по ќеиф ама и докторката кога ја прашав дали е неопходен тој преглед ми одговори дека кога сум веќе дојдена скоро до термин и водата почнала да се намалува, дозволено и препорачливо е да се направи вагинален преглед. Кога ми кажа докторот дека сум почнала да се отварам, такви измешани чувства имав не можам да опишам… паника, возбуда, адреналин, се наеднаш ме пукна. Сега сум посмирена, ми рекоа да одмарам максимално, да пијам магнезиум обавезно и останува да чекамеее.
Девојки, Бев на преглед на гинеколог вчера, ми кажаа дека имам миом на матка. Се појавило додека сум бремена. Гинекологот ми рече дека треба да се отстрани ама не го препорачуваат додека сум бремена. Дали додека сум бремена може нешто да ми се случи мене или на бебето?
Многу жени со миом истерале бремености. И нормално дека во бременост неможе да се отстрани, бидејќи е мини операција тоа. Само уживај и следете го со докторот. Која недела си?
Опуштена бев не се стегав, ама сепак е бош чувство. Среќа па кратко трае, утре пак ме чека истото… Да издржиме до понеделник да ми се врати др. Јелена, со неа се осеќам посмирено и посигурно.
Уживај. Ако има нешто ќе ти кажат. На другарка од почеток и открија, еве ја малата два месеци е. Миомчето си стои уште.
Со лесно во овие последни денови, па те чекам да споделиш искуство за болницата, се решив и јас таму да се пораѓам
Прифати го тоа како нормално нешто. Кога ќе дојде денот за пораѓај на секој саат ке те проверуваат колку си отворена се дури не се породиш, така што ич нека не ти е непријатно.