Денес бев на преглед на гинеколог пак, во извештајот стои: Ab. imminens. Што значи ова некоја од вас знае? И ми пишале Постелка напред со пониска инсерција...
Значењето е заканувачки абортус, а за постелката дека е ниско поставена претпоставувам во однос на грлото на матката што не мора да значи дека е голем проблем и кај мене беше ниско па се качи нагоре. Која недела си и што ти кажа докторот? Не се вознемирувај ако не ти кажале дека има проблем, дијагнозата може ја пишале и за ако си на патолошка?
Девојки, во Авицена има промоција за basic пренатален тест NIFTY за 19.900 ден, може на некој ќе му послужи инфово
Епа веројатно за да покрие боледување, само на таа недела веќе шифрата треба да е ризик од предвремено породување.
Дали некоја имала искуство со покачен холестерол, аст и алт во второ тромесечие од бременоста? Малце дум во паника никогаш до сега дум немала ваков проблем
Холестеролот е нормално да се покачи кај трудници, мене не ни ми го проверуваат, за аст алт не знам...ако си била настината,или под антибиотска терапија или некој друг вид на терапија хронична , и тогаш знаат малку да се покачат. Не се паничи, не можеш резултатот на Вибер да го пратиш на некој од матичните да ти одговори?
Da jas imav, vrednostite moze da bidat pokaceni vo bremenost, konsultiraj si se so ginekologot a mozes i so internist, mene mi bese od pienje premnogu vitamini, ne se plasi prasaj si gi lekarite
Ова,матичниот гинеколог како милува такви упати дава како е исправно не знам да го прашаме чат ЏиПиТи
Јас трите ставки ги имам на упатите откога сум трудна, холестеролот стандардно покачен (за што ми нагласи гинекологот дека е нормално), а алт и аст до сега во рамки на реф. вредност
Здраво девојки. Едно прашање. Природно останав бремена, и имам неискористен ваучер за инвитро,кое важи до средината на јули. Дали има клиника која би го прифатила како компензација за породување? Ако е се во ред, уште е рано, терминот ми е декември .
На тие што ви биле покачени како ги имате регулирано. Нешто ми спомнаа со начин на исхрсна, движење, повеќе вода..
Не може такво нешто. Ваучерот се активира со упат за ивф, а се реализира откако ќе се заврши постапката. Болницата нема да добие исплата се додека не поднесе извештај за извршено ифв.
Јас имав покачени AST и ALT, ги проверував на 3 недели, сами се средија. На лекар ќе ти кажат како да следиш.