Фала ви Ич не сум истрајна јас, ама очигледно нема брзо решение. Бев кај општ матичен денес, крвна слика праев, ми даде цефалексин да пијам. Грлото партал. Трет ден не ми е подобро и решив да отидам само заради тоа што за празниците нема да работат. Ајде белким нема да ми се искомплицира сега прикрај.
Здраво девојки. Дали на некоја и дале вагиналети Polygynax во бременост, особено прво тромесечие (6та недела сум и читам различни ставови за овие вагиналети па малку сум исплашена). Фала ви, Поздрав
Хелоу, мамички што ви помогна до киселини дајте некој предлог спас. Неможам да спијам од нив Иначе стигнавме до 19та недела
Planirani izgleda samo prvite se posle drugite idat sami haha, so lesno i tebe. Da te prasam dali kaj 3-4 bese pogolema? Lele 8 nedela sum stomakot mi e kako da sum 6 meseci
Имаш некоја бактерија и за твое добро е да ги ставаш. Ставав и јас вагиналети и антибиотик пиев, ништо страшно. Здраво право дете имам. И помалце читај, за помалце стресови.
Фала ти, да имам бактерија, за другово знам во право си треба да престанам да читам се и сешто ама прва бременост и се ми е непознато и ме фаќа страв. Само да е се добро кај сите ❤️
Девојки помагајте, дали ви се случило во бременост како некоја иритација “долу”, од кога се стопли времето повеќе потам, и ме чеша поприлично, се мијам нон стоп, само со млака вода без сапуни без ништо, но еве веќе фати неработни денови не можам до вторник да одам на доктор, кога ќе се измијам и исушам е подобро но чим осетам дека повторно потам пак ме чеша, дали да мачкам нешто или сепак не да преживеам деновиве? Ќе ве молам советттт
Јас некаде при крај имав иритација и чешање. Брисевите ми беа чисти па ми дадоа еден спреј за прскање Вулвоваги се вика ама ми рече дека можам да ставам и вагиналети на база на кантарион. Вагиналетите не ги зедов, ми помогна само спрејот.
Не знам дали би биле потребни вагиналети бидеќи чешањето е надворешно ама уште утре ќе го побарам спрејот, фала ти премногу!
Дали има некоја со настинка. Ми препишаа алмацин ама слабо дејствува кашлам главоболка и тешко поминува. Некоја со слично искуство ?
За настинка ти дале Алмацин? Јас бремена ми дадоа еден сируп за кашлица и гинекологот ми го одобри. Парацетамол по потреба, чаеви, супи, цедени сокови.